Видеото од тоа како Холанѓанецот го каснала змија во Охрид е сатирично

Фото: Принтскрин видео Јутјуб

Вистиномер го побара видеото на Гугл и откривме дека тоа кружи на Интернет од 2020 година.  На Јутјуб исто така било објавено на 5 мај 2020 година. Не е познато каде е направено видеото, но тоа е доста вирално и споделувано последниве години. „Eксклузивното“ видео од тоа како Холанѓанецот го каснала змијата нема врска со Охрид, ниту пак, со посочениот инцидент

Вистиномер го побара видеото на Гугл и откривме дека тоа кружи на Интернет од 2020 година.  На Јутјуб исто така било објавено на 5 мај 2020 година. Не е познато каде е направено видеото, но тоа е доста вирално и споделувано последниве години. „Eксклузивното“ видео од тоа како Холанѓанецот го каснала змијата нема врска со Охрид, ниту пак, со посочениот инцидент

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која споделува наводно ексклузивна снимка од тоа како Холанѓанецот во Охрид бил каснат од змија.

Екслузивна снимка како беше каснат Холаѓанецот од змијата, стои во објавата.

Имено, на 11 јуни 2024 година, беше објавено дека холандски турист во Охрид бил каснат од отровна змија, но бидејќи во болницата во Охрид немале серум, тој со санитетско возило бил транспортиран во болницата во Дебар, каде му бил спасен животот.

Токму оваа вест е и поводот да се објави наводното ексклузивно видео од тоа како бил каснат Холанѓанецот. Но, кога ќе го отворите линкот на објавата каде е споделено видеото, ќе видите дека тоа нема врска со Охрид и дека истото е сатирично.

Објавата е доста вирална и во дел од коментарите некои сфатиле дека станува збор за шега, но голем дел коментираат и прашуваат која е плажата во Охрид прикажана во видеото, имајќи предвид дека овој наш туристички центар не е познат по песочните плажи.

Вистиномер го побара видеото на Гугл и откривме дека тоа кружи на Интернет од 2020 година.  На Јутјуб, исто така, било објавено на 5 мај 2020 година.

Не е познато каде е направено видеото, но тоа е доста вирално и споделувано последниве години.

Во една објава од 15 април 2023 година е наведено дека сцената од видеото била наводно снимена на езеро во Џорџија САД.

Од сето погоре можемме да заклучиме дека „ексклузивното“ видео од тоа како Холанѓанецот го каснала змијата нема врска со Охрид, ниту пак, со посочениот инцидент. Очигледно е дека видеото е обична шега, иако тоа не е наведено во објавата шо ја анализираме. Поради тоа истата ја оценуваме како сатира.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција