Виралното видео во објавата не е од скопска свадба

Фото: Принтскрин видео

Видеото нема никаква врска со свадба во Скопје. Истото е споделувано пред една година во друг контекст, а може да се најде на социјалните мрежи и со друга музика во позадина. Очигледно е дека видеото е едитирано за да делува како да е направено кај нас, а со цел да привлече што е можно повеќе кликови и реакции

Видеото нема никаква врска со свадба во Скопје. Истото е споделувано пред една година во друг контекст, а може да се најде на социјалните мрежи и со друга музика во позадина. Очигледно е дека видеото е едитирано за да делува како да е направено кај нас, а со цел да привлече што е можно повеќе кликови и реакции

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која пренесува видео од наводно скопска свадба на која е прикажан младоженецот како изведува танц, а невестата се лути. Објавата вели:

Аууу нас срам не фати.

На видеото насловено како „Проблеми на една скопска свадба“ се слуша музика која е карактеристична за македонска свадба.

Објавата е доста вирална и има преку 330 реакции и речиси 80 коментари.

Но, проверката на Вистиномер покажа дека видеото и свадбата немаат никаква врска ниту со Скопје, ниту со С. Македонија.

Интересно е што истата Фејсбук страница која го споделила ова видео, наводно од скопска свадба, го споделила истото и во октомври 2023 година, но тогаш било насловено како „Шоферот од автобусот вчера си правеше свадба“.

Го пребаравме видеото на Гугл и најдовме дека истото на социјалните мрежи било споделувано во август 2023 година. Не е познато каде е точно направено видеото, но музиката во него, очигледно во објавата која ја анализираме е едитирана. Таа нема никаква врска со музика типична за македонска свадба, туку истата е вметната за да делува така.

Имено, видеото го најдовме на Инстаграм, објавено на 9 август 2023 година, а на него има испишано нешто на арапски јазик. Кога ќе ја слушнете музиката на видеото ќе видите дека нема врска со музиката вметната во видеото што го анализираме.

Видеото со истата музика го најдовме и на Редит, објавено пред една година.

Видеото е доста вирално и може да се најде и на Тик ток, исто така, објавено пред една година.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека видеото нема никаква врска со свадба во Скопје. Истото е споделувано пред една година во друг контекст, а може да се најде на социјалните мрежи и со друга музика во позадина. Очигледно е дека видеото е едитирано за да делува како да е направено кај нас, а со цел да привлече што е можно повеќе кликови и реакции. Поради тоа објавата ја оценуваме како неточна.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција