Заложба за политичка одговорност
| Со намера да го воспоставиме принципот на политичка одговорност и отчетност како основна и трајна демократска вредност во нашето општество;Знаејќи дека е неопходно да се постигне општествен консензус и да се поттикнат сите граѓани и граѓанки, организации, групи и институции да ги почитуваат значајноста и заедничката промоција на принципите на одговорност, со цел одговорноста да стане принцип што се подразбира;Верувајќи дека сите чинители во општеството треба да учествуваат во политичкиот процес, да ги знаат и да ги почитуваат своите права и обврски;
Сметајќи дека со усогласувањето на граѓаните и граѓанките, политичарите и политичарките околу важноста на политичката одговорност би се стекнала поголема доверба во институциите на системот и би се создале услови за поактивно учество на граѓаните и граѓанките во политичкиот живот; Со цел да се воспостави принципот на отчетност како неопходен услов за демократскиот развој на општеството, поддржуваме |
Претседателски кандидати кои ја потпишаа заложбата
Политички партии кои ја потпишаа заложбата
|
[signaturelist id=”1″]

















