Жителите на Пепелиште добија детски парк
ВЕТУВАЊЕ: Изградба на парк со детски реквизити во Пепелиште
[ Предизборна програма Живот во Неготино! За сите, датум: октомври 2017 ]
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Ветувањето за изградба на парк со детски реквизити е исполнето ветување на градоначалникот на Неготино, Тони Делков. Паркот како проект е дел од неговата предизборна програма за локалните избори 2017-2020 година, насловена како „Живот во Неготино! За сите“ (стр.31 – месни проекти за Пепелиште).
На 23.07.2018 година, порталот А1 он објави информација дека е ставен во функција новиот детски забавен парк во Пепелиште.
На задоволство на месното население, а посебно на најмладите, во функција е ставен новиот детски забавен парк во Пепелиште, изграден со средства од буџетот на Општина Неготино и со поддршка во работна рака од локалните жители.
Информацијата истиот ден беше објавена и на официјалната веб страна на Општина Неготино.
Притоа, поставени се бетонски рабници околу целиот парк, реконструирана е водоводната и нанализационата мрежа под објектот, нанесена е комплетно нова земјена подлога соодветна за вакви објекти и поставен е песочник под реквизитите за поголема безбедност на присутните, изработени се патеки од бекатон коцки и фигури од камења, посадена е трева, цвеќе и 15 дрвца. Исто така, поставена е и урбана опрема и тоа 4 клупи за седење и 3 канти за отпадоци, 4 нови детски реквизити кои претставуваат магнет за најмладите жители на Пепелиште, или накратко новиот детски забавен парк во Пепелиште ги содржи сите потребни елементи.
Имајќи го предвид сето ова, може да се заклучи дека ветувањето на Делков за изградба на парк со детски реквизити во Пепелиште, е исполнето.
ИЗВОРИ:
- Предизборна програма „Живот во Неготино! За сите“ (стр.31) [Пристапено на 06.08.2018]
- А1 он (23.07.2018) – Ставен во функција новиот детски забавен парк во Пепелиште [Пристапено на 06.08.2018]
- Официјална веб-страница на општина Неготино (23.07.2018) – Ставен во функција новиот детски забавен парк во Пепелиште [Пристапено на 06.08.2018]
Оцени: Ана Анастасовска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар