Аксел Ахмедовски

На  25.12. 2017 година  Аксел Ахмедовски е избран за министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Тој е роден 1964 година во Делчево.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Ахмедовски основно и средно образование завршил во Делчево, а дипломирал на Правниот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

 

КАРИЕРА

Правниот стаж го поминал во Основниот суд во родниот град, Делчево, а своето професионално искуство го надоградува како вработен во „ЦИП“ ДООЕЛ -Скопје и во „Палтекс“ ДООЕЛ -Делчево, каде работел како правник.

Ахмедовски е и основач, претседател на Управниот одбор и правен советник на невладината организација „КХАМ“ од Делчево, исто така е и лиценциран агент за регистрирање на правни субјекти, и лиценциран правник за давање на бесплатна правна помош преку Министерството за правда и Адвокатската комора на Република Македонија.

Тој е подготвувач и подносител на Уставната иницијатива за преиспитување на уставноста на Законот за патни исправи во 2014 година, како и подготвувач и подносител на постапката за оценување на уставноста и законитоста на Законот за утврдување на состојбата на приходите, имот и имотните права на домаќинството, определувањето на носител на правото за остварување на социјална парична помош.

Активно учествувал во имплементацијата на проектот „Правна помош, правна помош и социјализација“ на Адвокатската комора на Република Македонија, како и во проектот „Бесплатна правна помош на лица со ниски примања и повеќекратна ранливост“ во рамките на Граѓанско-информативниот центар од Делчево.

Во периодот од 2008 – 2009 година бил член на Координативното тело за превенција од илегална трговија со луѓе, а од 2009-2012 година е член на Коалицијата за правично судење.

На  25.12. 2017 година  Аксел Ахмедовски е избран за министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија, откако  Самка Ибраимовски го напушти министерското место во Владата.

 

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

Од 1994 до 2002 бил член на СДСМ.

Од 2008 до 2012 бил генерален секретар на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), а од 2013 година потпретседател на оваа партија.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција