Борис Георгиевски

Борис Георгиевски е градоначалник на Општина Гази Баба

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Роден е на 03 октомври 1964 во Скопје. Оженет и татко на две деца.

ОБРАЗОВАНИЕ

Основното и средно образование ги завршил во Скопје.

Во периодот од 2008 -2012 година, специјализирал како медицински лаборант аналитичар на Универзитетот Св. „Климент Охридски“, Битола.

Од 2012 до 2015 година, специјализирал медицинска лабораториска дијагностика на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Факултет за Медицински Науки, Штип.

Добро ги познава англискиот и српскиот јазик.

КАРИЕРА

 Професионалната кариера ја започнува во 1986 во ЈЗУ „Здравствен дом Скопје“.

 Во 1988 година е ангажиран во Републичка Конференција на Сојуз на социјалистичка младина на Македонија во Белград, сè до 1990 година кога повторно се враќа во ЈЗУ „Здравствен дом Скопје“.

Од 2000 до 2005 година за првпат е избран за член на Советот на Општина Гази Баба.

Од 2009 до 2013 година го добива вториот мандат во Советот на Општина Гази Баба.

 На последните локални избори во октомври 2017 година  е избран за градоначалник на Општина Гази Баба.

ИЗВОРИ

Веб-страница на Општина Гази Баба:  Градоначалник/Биографија

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.