Борјанчо Мицевски

Борјанчо Мицевски e градоначалник на Oпштина Крива Паланка

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Борјанчо Мицевски е роден 14.08.1971 година во Крива Паланка.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Основно и средно образование завршил во родниот град. По отслужување на воениот рок во 1990/91 година, се запишал на УКИМ – ПМФ, каде што дипломира во 1996 година.

Знае англиски јазик, српски, хрватски и бугарски јазик

 

КАРИЕРА

2001-2002 г.- Администратор на официјалната веб страница на Општина Крива Паланка

2002-2003 г.-  Координатор на „Вавилон центар“ во Крива Паланка – проект на Агенција за млади и спорт

2003-2006 г. – Локален координатор на Центарот за поддршка на НВО Кратово – проект на Европска Агенција за Развој

2006-2009 г.- Локален координатор на проект „Живеење во мултиетничка средина- граѓани со еднакви права, можности и заштита – Проект на Европска Комисија

2007-2017 г. –  Работи во Регионален центар за одржлив развој Кратово, каде во периодот од 2006-2014 во два мандата бил и претседател на здружението. Во овој период менаџирал и раководел со околу 30 проекти на локално, регионално, национално и интернационално ниво. Има учествувано во подготовка и издавање на поголем број на промотивни материјали и публикации, меѓу кои и:„Транспарентни општини – задоволни граѓани“, „Прирачник за енергетска ефикасност“, „Кратово – Музеј под отворено небо“, подготовката на ЛЕАП за Општина Крива Паланка, ЛЕАП за Општина Кратово, Истражување и студија за Капацитетот и апсорпционата моќ на Единиците на локална самоуправа на фондови за рамномерен регионален развој, Истражување на поставеноста на Месните самоуправи во процесот на носење на одлуки и поголем број други истражувања и анализи

2009-2017 г. – член на Совет на Општина Крива Паланка

2017г.  – в.д Директор Државен инспекторат за градежништво и урбанизам

Во изминатиот период Мицевски бил и координатор на повеќе проекти:

  • Подготовка на ЛЕАП за Крива Паланка и Кратово-GTZ;
  • Центар за поддршка на НВО во социјално и економски неразвиени подрачја – EAR;
  • Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита- Регионален координатор ЕУ;
  • Активирај се! Селектирај, рециклирај и заштити ја сопствената животна средина – IFC;
  • Зајакнување на НВО во Осоговскиот регион – FOSIM;
  • Зајакнување на мрежата на индивидуални собирачи на ПЕТ амбалажа – USAID;
  • Акција за Европа – FOSIM;
  • Граѓани за европска Македонја -FOSIM;
  • Собирање на факти – информирање на граѓани – UNDP;
  • Следење на доброто во процесот на добро владеење – Norwegian Embassy, BTD Ресурси за одговорно, отчетно и транспарентно работење – SDC, CIR-a;
  • Енергетските ресурси – виза за зелена иднина –World Bank;
  • Крива Паланка енергетски ефикасна општина, успешна општина – SGP GEF;
  • Волонтерски сервис за помош на стари лица и лица со посебни потреби– USAID, FOOM;
  • Рок и Поп граници – IPA CBC 2007CB16IPO007-2012-3-005

На локалните избори одржани на 15 октомври 2017 година е избран за градоначалник на Крива Паланка.

 

ИЗВОРИ:

Веб-страница на Општина Крива Паланка: Градоначалник

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција