Борјанчо Мицевски
Борјанчо Мицевски e градоначалник на Oпштина Крива Паланка
ПРИВАТЕН ЖИВОТ
Борјанчо Мицевски е роден 14.08.1971 година во Крива Паланка.
ОБРАЗОВАНИЕ
Основно и средно образование завршил во родниот град. По отслужување на воениот рок во 1990/91 година, се запишал на УКИМ – ПМФ, каде што дипломира во 1996 година.
Знае англиски јазик, српски, хрватски и бугарски јазик
КАРИЕРА
2001-2002 г.- Администратор на официјалната веб страница на Општина Крива Паланка
2002-2003 г.- Координатор на „Вавилон центар“ во Крива Паланка – проект на Агенција за млади и спорт
2003-2006 г. – Локален координатор на Центарот за поддршка на НВО Кратово – проект на Европска Агенција за Развој
2006-2009 г.- Локален координатор на проект „Живеење во мултиетничка средина- граѓани со еднакви права, можности и заштита – Проект на Европска Комисија
2007-2017 г. – Работи во Регионален центар за одржлив развој Кратово, каде во периодот од 2006-2014 во два мандата бил и претседател на здружението. Во овој период менаџирал и раководел со околу 30 проекти на локално, регионално, национално и интернационално ниво. Има учествувано во подготовка и издавање на поголем број на промотивни материјали и публикации, меѓу кои и:„Транспарентни општини – задоволни граѓани“, „Прирачник за енергетска ефикасност“, „Кратово – Музеј под отворено небо“, подготовката на ЛЕАП за Општина Крива Паланка, ЛЕАП за Општина Кратово, Истражување и студија за Капацитетот и апсорпционата моќ на Единиците на локална самоуправа на фондови за рамномерен регионален развој, Истражување на поставеноста на Месните самоуправи во процесот на носење на одлуки и поголем број други истражувања и анализи
2009-2017 г. – член на Совет на Општина Крива Паланка
2017г. – в.д Директор Државен инспекторат за градежништво и урбанизам
Во изминатиот период Мицевски бил и координатор на повеќе проекти:
- Подготовка на ЛЕАП за Крива Паланка и Кратово-GTZ;
- Центар за поддршка на НВО во социјално и економски неразвиени подрачја – EAR;
- Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита- Регионален координатор ЕУ;
- Активирај се! Селектирај, рециклирај и заштити ја сопствената животна средина – IFC;
- Зајакнување на НВО во Осоговскиот регион – FOSIM;
- Зајакнување на мрежата на индивидуални собирачи на ПЕТ амбалажа – USAID;
- Акција за Европа – FOSIM;
- Граѓани за европска Македонја -FOSIM;
- Собирање на факти – информирање на граѓани – UNDP;
- Следење на доброто во процесот на добро владеење – Norwegian Embassy, BTD Ресурси за одговорно, отчетно и транспарентно работење – SDC, CIR-a;
- Енергетските ресурси – виза за зелена иднина –World Bank;
- Крива Паланка енергетски ефикасна општина, успешна општина – SGP GEF;
- Волонтерски сервис за помош на стари лица и лица со посебни потреби– USAID, FOOM;
- Рок и Поп граници – IPA CBC 2007CB16IPO007-2012-3-005
На локалните избори одржани на 15 октомври 2017 година е избран за градоначалник на Крива Паланка.
ИЗВОРИ:
Веб-страница на Општина Крива Паланка: Градоначалник
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар