Брахим Ајвази

 

Брахим Ајвази е актуелен градоначалник на Општина Арачиново.

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Брахим Ајвази е роден на 18 јануари 1962 година во село Танушевци. Оженет е и има едно дете.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Вишо образование завршил на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ)  во Скопје, на Природно-математичкиот факултет -/ отсек Биологија и хемија, а потоа, со високо образование се стекнал на Педагошкиот факултет, повторно при УКИМ.

 

КАРИЕРА

Работел како наставник по биологија и хемија во основното училиште „Лирија” во село Танушевци, како и во други училишта.

 

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

Од 2005 година е директор на училиштето „Ѓерѓ Кастриот Скендербег”. Во три мандати бил член на Советот на општина Арачиново и тоа во периодот од 1996-2000 година, како и во двата мандата од 2005 до 2009 година.

На локалните избори во 2013 година жителите на општина Арачиново му ја дадоа довербата за градоначалник на општината.

 

ИЗВОРИ

Веб-сајт на ЗЕЛС – Гласило април 2013 стр. 3

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција