Дали македонската влада ќе им го скрати животот на нејзините граѓани?

Влада на РМ - Министри 2014 - 2018
Влада на РМ - Министри 2014 - 2018
Влада на РМ – Министри 2014 – 2018

Проблемот со загадувачот на воздухот во Полошкиот регион, фабриката „Југохром Фероалојс“ не е вчерашен. Компанијата која што произведува железо, челик и легури од железо, се неколку прекини во нејзиното работење, во Македонија работи од 1952 . Тоа значи дека повеќе од 50 години оваа фабрика систематски ги труе граѓаните бидејќи според експертите таа е најголемиот загадувач во регионот, чиј што чад често пати го покрива како магла регионот на општините Јегуновце, Тетово и пошироко.

Дури и работниците кои што сакаат да останат анонимни, за Порталб велат дека од 2010 година, кога оваа компанија ја презеде една руска компанија, таму се употребуваат уште поопасни материјали кои што го загадуваат воздухот, а кои што се употребуваат за производство на нивните легури.

На ракот ќе му се продолжи рокот?!

На 31.10.2013 истече рокот кој што е продолжен неколку пати за загадувачите кои што требаше да ги исполнуваат еколошките стандарди. Дали овој пат Владата ќе застане на страната на граѓаните или едноставно ќе им го продолжи животот на фабриките, а со тоа ќе им го скрати животот на граѓаните? Таквата одлука е оставена да се разгледа на владина седница. Зачудувачки е како е можно Владата да има толку трпение и да го остави здравјето на граѓаните во рацете на бирократските процедури… Уште попарадоксална е ситуацијата кога од една страна Владата преку реклами ни кажува како треба да се храниме, а од друга страна нè убива со чадот на фабриките кои не ги затвора!

За здравјето се работи! Додека да се донесе одлука, Teтово сеуште останува најзагадениот град во Македонија! Општината нема превземено некоја мерка на локално ниво за разлика од Скопје, а болниците полни со пациенти, сведочат за загадениот воздух во Тетово.

Правна регулатива

Во 2005 година, Македонија стана земја кандидат за член на Европската Унија, која што бара ригорозни реформи во однос на животната средина. Во истата година, се усвоија законските измени, со кои, загадувачите требаше да ги исполнат еколошките стандарди, односно да преземат мерки со кои би ја добиле интегрираната еколошка дозвола А, со краен рок до 1 април 2014. (Видете: Закон за животна средина, член 139, пдф)

Во овој период, Југохром имаше рок од девет години да направи измени во начинот на работење за да не ја загадува животната средина, промени кои што задоцнија и всушност никогаш не се реализираа. Во овој период, на чело на овој ресор биле четворица министри:

  • Имер Алии,
  • Џелал Бајрами,
  • Неџати Јакупи и
  • Абдилаќим Адеми.

Што се однесува до првите тројца, јавноста не се сеќава дека некогаш реагирале за загадувачот Југохром, додека Адеми даде конкретно ветување дека ќе се овој загадувач ќе се затвори, но потоа го прекрши ветувањето. И актуелниот министер, Нурхан Изаири, даваше ветувања дека Југохром ќе се затвори.

Министерството за животната средина досега има усвоено неколку планови и стратегии кои што не можат да се најдат на сајтот на министерстовото, бидејќи линковите на www.moepp.gov.mk едноставно не функционираат. Во последната стратегија од тој вид, Третиот национален план за климатски промени од декември 2013 година, Владата се заветува дека ќе го намали нивото на загаденост на воздухот.

Бесконечни продолжувања на роковите

Од 2005 наваму, неколку пати е побарано продолжување на роковите и Владата секогаш попуштила.

Ќе ги истакнеме некои од последните продолжувања на роковите.

1. 2012 година

Југохром и другите фабрики уште од 2012 година побараа продолжување на рокот наведувајќи дека не се подготвени за да работат со еколошки стандарди. Владата ги прифати нивните барања, притоа усвојувајќи 5 мини мерки за „спас на металургијата“.

Мерките кои предвидуваат продолжување на рокот до 2019 година!

До сега нема информации дека овие мерки престанале да важат.

2. 2014 година

Неколку дена пред истекување на рокот, загадувачите побараа повеќе време:

Меѓутоа, Владата одлучи да го продолжи рокот за исполнување на стандардите до 31 октомври 2014.

„Големите“ ветувања на владините претставници

На 19.09.2013, премиерот Никола Груевски рече дека прекршителите нема да се толерираат:

„Јас знам дека многумина од нив, сè уште веруваат дека оваа Влада, за која што се многу важни економијата, вработувањата, извозот, БДП итн., нема да се придржи до мерките. Всушност, ова има големо знечење. За нас има. Тоа е нашата совест, кога се работи за тоа дали сме превзеле се што е во наша моќ за да ги одбраниме здравјето на луѓето, од болестите кои што се резултат на неодговорната работа на загадувачите“ – рече Никола Груевски.

Екс-министерот, Абдилаќим Адеми

Иако вети дека фабриките ќе се затворат на 1 април 2014, јасно е дека министерот Адеми не го одржа ветувањето дадено на 8 декември 2013.

Актуелниот министер, Нурхан Изаири неколку пати истакнал дека повеќе нема да има продолжување на роковите


Југохром престанува со работа (15 октомври) видео од 24 вести

Директорот на еколошкиот инспекторат, Фирус Мемед

Реакциите на граѓаните „Не затрувте!“

Иако долго време систематски се трујат, за проблемот со загадувањето, револтот на граѓаните кои што живета во Полошкиот реон и во Скопје, се појави минатат година со протестите во Тетово и во Скопје, каде што се бараше затворање на фабриките.

Некои од протестите на граѓаните

„Ќе се радикализираме!“

„Не би сакале да мислиме дека Владата може да продолжи да го толерира ова злосторство над граѓаните на Полог и да ја фаворизира работата без филтри за уште еден рок. Ни не сме за затврорање на фабриката, никогаш не сме побарале такво нешто, дури бараме владата да ги субвенционира овие стандарди, но не прифаќаме да се тргува со здравјето на граѓаните. Ние ќе покажеме нулта толеранција за секое заобиколување и ќе размислиме за радикализирање и поголема сензибилизација на граѓаните. Владата на Република Македонија, воопшто, а посебно Министерството за животна средина ќе сноси одговорност за систематското труење на граѓаните на Полог, оставајќи ги со години да дишат воздух кој што е 20 пати позагаден од дозволеното ниво, а истотака ќе сносат одговорност за затворање на фабриката (доколку се случи), имајќи во предвид дека како власт никогаш не изнајдоа механизам со кој би се спасиле и граѓаните од загадувањето, а бизнисите би биле задолжени да применат мерки за заштита на нашата заедничка околина„ – вели за Порталб, Арианит Џафери, еден од организаторите на протестите против загадувањето.

Тишина пред бура!

Сепак, никој од надлежните не сакаше да даде изјава за Порталб. Нашата екипа контактираше со Министерството за животна средина, а од таму ни рекоа дека го чекаат крајниот рок и седницата на владата. Недостапни беа и министерот за екологија, Нирхан Изаири, и директорот на еколошкиот инспекторат, Фирус Мемед. Истотака и главниот директор на Југохром, Бранислав Ѓурѓевиќ, остана недостапен за изјава. Изјава на темата единствено има од министерот за финансии Зоран Ставрески, кој што рече дека треба да се чека да помине рокот. /Порталб

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција