Договорот од Пржино „трета епизода“ – Амбициозен план за праведни и кредибилни избори

Воздржаност во јавноста за „добрата вест“. Договорот постигнат, прашањето е дали ќе се имплементира Фото: Мета

За разлика од Договорот од Пржино (02.06.2015), каде што датумот за избори беше определен во самиот старт, овојпат е договорено партиите до 31 август да ја оценат примената на договореното, па потоа да го прецизираат датумот на предвремените парламентарни избори. И, доколку партиите дадат зелено светло , 100 дена пред одржувањето на изборите (еден од можните датуми кој се споменува е 11 декември 2016 година), ќе се формира преодна влада која ќе го спроведе изборниот процес.

 

За  разлика од Договорот од Пржино  (02.06.2015), каде што датумот за избори беше определен во самиот старт, овојпат е договорено партиите до 31 август да ја оценат примената на договореното, па потоа да го прецизираат датумот на  предвремените парламентарни избори. И, доколку партиите дадат зелено светло, 100 дена пред одржувањето на изборите (еден од можните датуми кој се споменува е 11 декември 2016 година), ќе се формира преодна влада која ќе го спроведе изборниот процес

 

Пишува: Оливера Војновска

 

Со олеснување, но и со прилична доза на воздржаност беше дочекана добрата вест дека  четирите политички партии (потписнички на Договорот од Пржино), со посредство на меѓународната заедница на 20 јули оваа година (2016) конечно договорија решенија за излез од политичката криза. Политичката и експертската јавност е внимателна во проценките дали овој пат ќе се ипочитува договорот кој треба да ги деблокира политичките процеси во државата и да овозможи демократски избори. Претпазливоста е разбирлива со оглед на тоа што досегашното искуство  говори дека имплементацијата на договореното се покажа потешкиот дел од задачата.

За разлика од Договорот од Пржино (02.06.2015), каде што датумот за избори беше определен во самиот старт, овојпат е договорено партиите до 31 август да ја оценат примената на договореното, па потоа да го прецизираат датумот на предвремените парламентарни избори. И, доколку партиите дадат зелено светло, 100 дена пред одржувањето на изборите (еден од можните датуми кој се споменува е 11 декември 2016 година), ќе се формира преодна влада која ќе го спроведе изборниот процес.

 

ШТО СОДРЖИ ДОГОВОРОТ И РОКОВИ

Но, што точно  договори „политичката четворка“  и кои се роковите за спроведување на договореното.

 

Избирачки список – Измени на Изборниот законик 

Првата задача  е усвојувањето на измените на Изборниот законик која Собранието треба да ја направи денеска – 22.02.2016, откако опозицијата, која привремено го замрзна своето учество во парламентот во знак на незадоволство од неизјаснувањето на Уставниот суд за уставноста на Законот за специјалното јавно обвинителство, се врати во собраниските клупи.

Со овие измени фактички треба да се овозможи 171.500 гласачи  , за кои се претпоставува дека се во странство,  да бидат издвоени на посебен список и за нив ќе се врши дополнителна проверка. На трет список ќе бидат имињата на  околу 40.000 лица (39.502) , кои Државната изборна комисија (ДИК) ќе ги објави во рок од три дена откако парламентот ќе ги усвои измените на Изборниот законик, односно на 25.07.2016 година. Тие самите, пак, во рок од 25 дена – до 18.08.2016, ќе треба да го потврдат своето избирачко право – лично да дојдат во локалните канцеларии на ДИК или да се јават со видео-врска доколку се во странство. Лицата кои во овој период нема да се верификуваат, нема да бидат вклучени во Избирачкиот список, но ќе имаат уште една дополнителна можност да се регистрираат во предизборниот период кога Избирачкиот список ќе биде ставен на јавен увид.

Во врска со проверката на Избирачкиот список, овој своевиден анекс на Договорот од Пржино предвидува и дека десет дена по првично определените 25 дена за проверка, тројца или повеќе членови на ДИК да може да побараат дополнителна контрола за кое било лице. Тоа значи дека ваквата контрола може да биде направена – до 28.08. 2016 година и притоа, може да се побара личноста да дојде во ДИК (подрачните канцеларии), доколку е во државата, или да се јави преку видео–конференциска врска ако престојува во странство.

 

Медиуми

Во врска со медиумите  договорени се измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на Изборниот закон, кои треба да бидат направени во рок од 15 дена од датумот на кој е постигнат договорот, што значи до 04.08.2016 година. Предвидено е Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги  (ААВУ) во рок од 30 дена од датумот на овој договор – до 19.08.2016 година да формира ад-хок тело кое ќе го набљудува известувањето на медиумите до крајот на изборите. Овој тим ќе се состои од пет члена, четири ќе ги бираат партиите на предлог на новинарските здруженија, од кои најмалку еден мора да биде етнички Албанец, додека петтиот ќе го изберат четворицата веќе избрани членови (рок 15 дена). Агенцијата за медиуми ќе биде обврзана да ги почитува препораките од ова тело во период од 100 дена пред изборите.

Договорот предвидува и дека главниот и одговорен уредник на информативната редакција во МРТВ ќе биде избран од редот на експертите, а на предлог на опозицијата. Тој треба да почне да ја извршува функцијата 100 дена пред гласањето  – 02.09.2016, ако изборите се одржат на 11 декември 2016 година.

Четирите политички партии, исто така, се обврзуваат во рок од шест месеци по изборите ( јули 2017 година ако изборите се одржат на 11 декември 2016 година) да донесат измени на законите за медиумите во согласност со Приоритетите за итни реформи и Извештајот на Прибе.

 

Датум за избори и преодна влада

Најдоцна до 31 август  лидерите на четирите политички партии треба да проценат дали се спроведени сите одредби од Договорот и дали се исполнети условите за одржување избори. Доколку лидерите се согласат дека условите од договорот се исполнети, ќе определат датум за избори  (се споменува 11.12.2016 година) и ќе го потврдат со своите потписи.

Следниот чекор е формирање на преодна влада која ќе биде изгласана од Собранието 100 дена пред изборниот ден02.09.2016, ако изборите се одржат на 11 декември 2016 година.

Партиите постигнаа компромис и за најпроблематичното прашање – ингеренциите на на министерот за внатрешни работи во преодната влада. Според договореното, примената на Законот за внатрешни работи ќе биде суспендирана до јануари 2017 година, а новиот – техничкиот министер ќе има право да смени само 15 лица на раководни позиции во неговиот ресор. Преодната влада автоматски ќе му одобри на министерот за внатрешни работи хоризонтални трансфери на вработени ако се најмногу 10 проценти од просечниот број на хоризонтални трансфери во 2013 и 2014 година. Инаку, оваа одредба од анекс Договорот предвидува и дека

Сите именувања на истражители на обвинителството дадени на носителите на управните позиции во Министерството за внатрешни работи ќе бидат поништени, а нови нема да им бидат назначени до крајот на изборниот процес.

Според документот, мандатот на сите технички министри и заменици министри (избрани според Договорот од Пржино) треба да заврши истиот ден кога ДИК ќе ги потврди офоицијалните резултати од изборите. Тоа ќе биде регулирано со измени на Законот за Влада, но во ова „трето продолжение“ на Договорот од Пржино нема прецизен датум кога ќе бидат тие направени.

Во анекс договорот уште е наведено дека

Заменик-министрите во Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика ќе ги преземат функциите на министри сѐ до формирањето на новата влада.

 

Специјално јавно обвинителство

Важен елемент на договорените решенија е и делот за Специјалното јавно обвинителство (СЈО).  Доколку  Уставниот суд одлучи дека Законот за специјалното јавно обвинителство или некој негов дел е противуставен, четирите партии се обврзуваат на измена на законодавството во согласност со одлуката на Судот и обвинителството да биде повторно основано во рок од пет дена. Ефективноста, опсегот и целите на СО ќе останат како досега.

Во последното  поглавје се вели дека инклузивноста на процесот на реформи и неговото спроведување ќе бидат раководени од работна група во парламентот, која ќе го вклучува и граѓанското општество и експерти. Во овој дел, е предвидено дека во рок од шест месеци ќе се донесеат измени на Законот за свиркачи во согласност со Венециската комисија.

Ни претстои напорно и жешко политичко лето, а во услови на нагласена политичка поделеност и во ситуација кога  претходните договори доживеаја дебакл, неблагодарно е да се прогнозира дали овој амбициозен план, стокмен во пет поглавја, ќе биде навремено и целосно имплементиран – како гаранција за праведни и кредибилни избори.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција