Емил Димитриев

 

Емил Димитриев, технички премиер 18 јануари 2016 –

 

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Роден е на 19 март 1979 година во Пробиштип. Оженет, татко на две деца.

Хоби му е ловот.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Дипломиран социолог – Филозофски факултет Скопје.

Постдипломец на Филозофски факултет при УКИМ во Скопје;

Завршени обуки од областите социјално управување, човечки ресурси, односи со јавност;

Школа за резервни офицери на Воената Академија Генерал Михајло Апостолски во Скопје;

 

КАРИЕРА

 

  • 2006 Раководител на општ сектор во Хидросистем Злетовица;
  • 2001 Вработен во ЕСМ Пробиштип.

 

 

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

2014 Пратеник во Собранието на Република Македонија;

јули 2013 – Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ ;

2011 Пратеник во Собранието на Република Македонија

2008 Заменик-министер во Министерството за одбрана. Како заменик-министер за одбрана, Димитриев го поддржа законот за бранители, на кој се спротивстави ДУИ. Неговиот став беше дека законот ги унапредува правата на сите категории униформирани и цивилни лица што вршат служба во армијата.

Се заложи и за дисциплинска одговорност за настанот во Слупчане од август 2012 година, кога тогашниот министер Фатмир Бесими се поклони пред споменикот на УЧК.

 

Премиерска функкција

Емил Димитриев стапи на функцијата Претседател на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, на 18 јануари 2016 година.

ИЗВОРИ

Веб-сајт на Влада на Република Македонија: Претседател на Владата на Република Македонија

Нова Македонија: Кој е Емил Димитриев? (29 јули 2013)

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција