Енвер Пајазити

Енвер Пајазити е градоначалник на Општина Брвеница.

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Енвер Пајазити е роден на 1 февруари 1962 година во село Челопек. Оженет е и татко на три деца.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Дипломирал на Ветеринарниот факултет во Сараево.

Зборува германски јазик.

 

КАРИЕРА

Од 1989-2002 се занимавал со приватен бизнис.

Во 2002 година бил директор на осигурителната компанија „Сигма”, а од 2005 година е застапник на брендот на автомобили Volkswagen за Тетово.

 

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

На локалните избори во 2013 година е избран за градоначалник на општина Брвеница по втор пат едно по друго. Од 2009 година, како претставник од ЗЕЛС е делегат во Конгресот на локални и регионални власти во Советот на Европа.

 

ИЗВОРИ

Веб-сајт на ЗЕЛС – Гласило април 2013 стр. 5

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција