Гаранцијата за вработување на млади стана пилот проект

Фото: vlada.mk

 

Ветување: Ќе воведеме „Гаранција за младите”. Во период од четири месеци по завршување на школувањето или станување невработен секој млад човек треба да добие понуда за вработување, можност да го продолжи образованието, да стапи на практика или тренинг за подготовка за вработување.

[Извор: Програма на СДСМ за предвремени парламентарни иабори во 2016 година „План за живот во Македонија“: „План 180° итни реформски приоритети на новата Влада во првите шест месеци“ , страна 209, датум: ноември 2016]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето што го даде СДСМ за време на   предвремените парламентарни избори  (11.12. 2016 г.), дека ќе обезбеди „Гаранција за младите“, со која им се дава можност за вработување, практиканство или тренинг за подготовка за вработување, четири месеци по нивното авршување на школувањето, не е остварено.

Имено, СДСМ во својот „План за живот во Македонија“ во делот „План 180 итни реформски приоритети на новата Влада во првите шест месеци – нови работни места повеќе пари кај граѓаните, поддршка на домашните фирми“, на страна 209, вети дека со проектот „Гаранција за младите“ ќе ги опфати сите млади лица кои го завршуваат школувањето и ќе им даде можност „во период од четири месеци по завршување на школувањето или станување невработен секој млад човек треба да добие понуда за вработување, можност да го продолжи образованието, да стапи на практика или тренинг за подготовка за вработување“.

Овој проект СДСМ  го најави во предизборието 2016 година како проект кој ќе го спречи иселувањето на младите од земјава и ќе ја намали невработеноста кај младите од 15 до 29 години.

Владата предводена од СДСМ , проектот го стави и во својата „Програма за работа за периодот 2017-2020“ во делот „Нови работни места и повисоки плати“ (стр. 3), но не посочи кога ќе почне да се рализира, иако беше најавена како една од нејзините приоритетните мерки.

Проектот има обврска да го реализира Министерството за труд и социјална политика преку Агенцијата за вработување. Ова Министерство досега има формирано Координативно тело за подготовка и спроведување на проектот „Гаранција за млади“(Ноември 2017 година), додека за да се види какви ефекти ќе предизвика со помош на Швајцарската амбасада моментално се реализира пилот проект во три општини во земјата: Скопје, Гостивар и Струмица.

„Гаранцијата за младите“ се споменува и на страната 35 од Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година на Агенцијата за вработување . Таму се наведува дека е предвидено реализирање на пилот проектот во 2018 година.

Планот за спроведување на „Гаранција за млади“ (ГМ ) ќе се пилотира во 2018 година по што ќе се изврши анализа за периодот на пилотирање.. Во 2018 година пилотирањето на ГМ ќе се врши во три центри за вработување: Гостивар, Струмица и Скопје, со вклучување на млади лица што не се вработени, ниту се вклучени во образованието или обуката (NEET) и во 2018 година за првпат ќе се евидентираат како невработени лица (прилив). За оваа цел, потребна е координирана и заедничка акција на повеќе владини институции, социјални партнери и граѓански организации. Пилот програмата ќе се смета за успешна доколку најмалку 30 отсто ќе излезат од гаранцијата за млади во период од 4 месеци на евиденција, односно ќе бидат вклучени во соодветните програми и мерки за вработување.

За тоа кога треба да почне да се реализира има информација во медиумите (од 24 јули 2017 година) од средбата на директорот на Агенцијата за спорт и малди со претставници на швајцарската фоондација која е вклучена во реалзацијата. Во оваа информација се наведува 1 септември  2017 година како почеток на проектот.

Пилот проектот почна да се реализира пред два месеца (март 2018) , во три општини: Град Скопје, Гостивар и Струмица и планирано е да трае во текот на целата година. Но, не се знае  кога проектот „Гаранција за млади“ ќе почне да се реализира на целата територија на земјата, бидејќи нрма таква информација во Оперативниот план за вработување . Ниту пак, за ова има информација или изјава на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, во која таа наведува кога ќе почне да се реализира во сите општини во земјата и кога во него ќе бидат вклучени сите млади, невработени.

Единствена информација која може да се најде во медиумите и на страната на Министерството за труд и социјална политика е дека пилот проектот дава добри резултати по два месеца од неговото отпочнување. Министерката Царовска во Струмица на 16 мај годинава изјави:

Оваа програма ги надмина нашите очекувања и за само два месеца се вклучени 700 лица во трите градови, од кои 123 веќе се во работен однос. За 640 е напревен индивидуален план за вработување, 220 веќе се вклучени во други услуги за вработување како што се: мотивациски обуки, обуки за барање работа, професионална ориентација и кариерно советување. Од пријавените, 123 млади лица веќе се во работен однос, а од останатите 60 проценти аплицирале за некои од програмите или мерките за вработување како на пример: 59 во Програмата самовработување со грант, 86 во Програмата за субвенционирање на плати, 73 во Обуки за побарувани занимања на пазарот на трудот, 73 во Практикантство и сл.

Според тоа, од увидот во сите документи на Министерствоот за труд и социјална политика и агенцијата за врабортување, може да се заклучи дека ветувањето на СДСМ дека во период од шест месеци по формирањето на Владата ќе го спроведе проектот „Гаранција за млади“ не е исполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Рада Исовска – Маневска