Градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи: Работиме за да ги исполниме ветувањата (ВИДЕО)

Градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи, во интервју за Порталб.мк и Вистиномер.мк зборуваше за предизвиците со кои се соочува за спроведување на проектите што се предвидени за Општина Тетово. Арифи, исто така, зборуваше за долгот на Општината, за зонскиот паркинг, проблемот со јавниот транспорт, ширењето на булеварите, нечистотиите по улиците и реката Пена, како и за проблемот со училиштата во во Речица и Селце

Градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи, во интервју за Порталб.мк и Вистиномер.мк зборуваше за предизвиците со кои се соочува за спроведување на проектите што се предвидени за Општина Тетово. Арифи, исто така, зборуваше за долгот на Општината, за зонскиот паркинг, проблемот со јавниот транспорт, ширењето на булеварите, нечистотиите по улиците и реката Пена, како и за проблемот со училиштата во во Речица и Селце

 

Во врска со долгот на Општината, таа изјави дека тој изнесува 7 милиони евра и дека финанциксиот извештај е објавен во веб страницата, додавајќи дека тоа се сите информации потребни за информирање на јавноста, алудирајќи дека актуелниот извештај е доволен. Таа вели дека ревизијата за злоупотреби е доставена до надлежните органи и дека, според неа, толку може да се направи. Арифи за намалување  на долгот изјави дека ќе аплицираат да бидат дел од владиниот проект за зголемување на ликвидноста на општините.

А кога станува збор за казината, градоначалничката на Тетово изјави дека откако ќе заврши изработката на документацијата, заедно со нивниот правен затстапник и со организаторите на протестите ќе го тужат сопственикот на објектот, кој нема дозвола за казино во Речица. Според неа, Општинскиот совет пратил барања до Владата во процесот на измена на законот, побарувајќи зголемување на општинските надлежности, поместување и одалечување од 300 метри на казината од центарот и другите објекти што се значајни за жителите, но со можност ова далечина може да се зголеми ако е побарана од гражаните. Таа вети дека нејзината партија со амандмани ќе побара измена на законот.

За ширењето на подрачниот паркинг рече дека документацијата е подготвена и дека очекуваа одговор од страна на МВР. Парите за плаќање на паркингот ќе се определат само за Јавното претпријатије за паркинзи за платите и за одржување на опремата наменета за услугите за паркинг.

Арифи рече дека нема да побара пак јавен транспорт од власта, бидејќи тоа еднаш е побарано, не потенцирајќи од кого е побарано во Министерството за транспорт и врски. Таа рече дека ќе побарат решение и дека е направена анализа за алтернативни решенија, на пример јавно-приватно партнерство, ако не се обезбедат транспортни средства од страна на Владата.

Кога станува збор за чистењето на улиците, Теута Арифи рече дека тие се чистат според програмата на Општинското јавно претпријатија и дека работниците работат секој ден на терен. Таа додава дека може да се работи и подобро и поквалитетно и дека ЈКП ќе се опреми со дополнителна цистерна за чистење на улиците.

Градоначалничката на Општина Тетово вели дека зелените простори окупирани по кејот на реката Пена се ослободени и дека нема да се дозволи таму да се постават објекти. Таа изјави дека Спотрскиот центар ќе се шири со зелени простори и дека средствата се обезбедени, а понатаму ќе продолжат со изградба на улицата до тетовската бања.

Таа, исто рече дека реката Пена се чисти еднаш годишно на некои места, наспроти тоа што граѓаните не виделе чистење на реката од 2015, додавајќи дека коритото на реката ќе се регулира со проект вреден 2 милиони евра до индустриската улица.

Иако вети дека депонијата во Дервиш Цара, населба населена со Роми, 700 метри далеку од Општината, ќе се чисти, таму се уште немало чистење, но, сепак, градоначалничката Арифи вети дека истата ќе се чисти, а ќе се исчистат и отпадоците зад болницата.

Изградбата на тротоарите на Булеварот „Илирија“ ќе заврши во крајот на годината, како што е предвидено со сите елементи во 3D презентацијата, рече Арифи, а проектот има вредност до 55 милиони денари.

Арифи изјави дека ќе се заменат цевките за водовод во рок од две години. И дека во 2019 ќе почне изградбата на училиште во Речица.

Таа, исто така, тврди дека проектите на Општина Тетово ќе се објавуваат во веб-страницата заедно со контакт информациите на управителите на секторите во Општината.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција