Градоначалникот на Демир Хисар спинува дека не се заканувал

Маријанче Стојановски. Фото: СДСМ

Обидот на Стојановски да ја смири јавноста е разбирлив, но, исто така, е разбирлив спинот во неговото соопштение околу самата снимка. Овој обид заличува на спиновите кои се појавија околу „бомбите“ од страна на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, кои постоајно и долго време повторуваа дека тие биле се „сечени, лепени, монтирани“

 

Обидот на Стојановски да ја смири јавноста е разбирлив, но исто така е разбирлив спинот во неговото соопштение околу самата снимка. Овој обид заличува на спиновите кои се појавија околу „бомбите“ од страна на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, кои постојано и долго време повторуваа дека тие биле се „сечени, лепени, монтирани“

 

Пишува: Теофил Блажевски

 

Градоначалникот на Општина Демир Хисар, Марјанче Стојановски, ѝ соопшти на јавноста дека не се заканувал и дека бил изваден од контекст во врска со видеото што се прошири на интернет медиумите, но во самото соопштение се наоѓа извртувањето на вистината, т.е. спин:

…Притоа, во овој контекст, сакам да Ве информирам дека изречените зборови од моја страна во тоа монтирано видео се однесуваат токму на тие разговори, односно комуникации и контакти кои ги имав со родителите, а не некакво прислушкување, закани, уцени и слично. Исто така, Ве информирам дека за таа средба и протест известено беше Министерството за образование и наука со допис бр. 12-167/2 од 15.02.2018 година.

Велам монтирано видео, затоа што не е во целост дистрибуирано и прикажано, зборовите се извадени од контекст, со што се добива целосна погрешна претстава за она што јас го зборувам…

[Извор: Демир Хисар/веб сајт/соопштение на градоначалникот, датум: 11.09.2018]

Контраспин: Марјанче Стојановски, градоначалник на општина Демир Хисар, кога СДСМ го кандидираше за локалните избори во октмври 2017 година, во програмата „Живот во Демир Хисар“ самиот запишал:

Да се биде градоначалник на Демир Хисар е чест, но и голема обврска. Да се биде градоначалник јас разбирам да се биде слуга на граѓаните, да се работи од утро до мрак за поубава општина, за посреќни граѓани, за насмеани безгрижни деца, за успешни ученици, за подостоинствени пензионерски денови на повозрасните, за сигурна работа на младите и егзистенција на сите семејствата, за подобро утре на сите граѓани на Демир Хисар.

Нецела година подоцна во јавноста излегува видео снимка од некаква расправа во основно училиште во која јасно се слушаат зборовите на градоначалникот искажани само три месеци после изборите на кои победил:

– Заборавате дека во МВР работев, заборавате дека ви слушам сите телефонски јавувања. Одење од куќи и така натаму – вели во видеото што го објави порталот Лидер

 

Градоначалникот Маријанче Стојановски по излегувањето на снимката по наредба на јавен обивнител бил приведен/повикан на распит во полициската станица, по што МВР соопшти дека негирал оти се заканувал, туку се расправал и дека снимката била стара – од почетокот на 2017 година.

Ден по ова молк од градоначалникот, одбиваше да дава изјави за медиумите, за вчера да излезе со соопштение објавено на веб сајтот на Општината во која објаснува дека станувало збор за настан на кој присуствувал откако бил повикан од 30-тина родители поради протест на две прераспоредени наставнички од основното училиште „Гоце Делчев“.

Тој уште тврди дека видеото било монитарно, а неговите зборови извадени од контекст, бара од редакцијата што го објави демант, да му се извини, им се заканува и на сите други редакции што го објавиле дека ќе ги тужи ако не постапат исто и бара да го посочи лицето што го снимало видеото за да можеле надлежните да утврдат што точно говорел.

Градоначалникот Стојановски, обидувајќи да демантира дека се заканувал, практично ја призна заканата. Во самиот демант го наведува следното:

…изречените зборови од моја страна во тоа монтирано видео се однесуваат токму на тие разговори, односно комуникации и контакти кои ги имав со родителите, а не некакво прислушкување, закани, уцени и слично… Велам монтирано видео, затоа што не е во целост дистрибуирано и прикажано, зборовите се извадени од контекст, со што се добива целосна погрешна претстава за она што јас го зборувам…

Земајќи предвид дека ниту во соопштението од полицијата, ниту, пак, во неговото сопствено соопштение не ги порекнува зборовите, кои се прилично јасни дури и да биле извадени од контекст, може да се заклучи дека во тој дел од соопштението објавено на веб страницата на Општина Демир Хисар, градоначалникот ја извртува вистината. Целта е за да се стекне впечаток во јавноста дека зборовите му се подоцна монтирани, со што, де факто се обидува да спинува. Изречените зборови се изречени зборови и дури и да се извадени од контекст, тие сами по себе го прикажуваат контекстот – работел во МВР и им ги слушал телефонските јавувања, а покрај тоа знаел кој одел од која во која куќа…

Обидот на Стојановски да ја смири јавноста е разбирлив, но, исто така, е разбирлив спинот во неговото соопштение околу самата снимка. Овој обид заличува на спиновите кои се појавија околу „бомбите“ од страна на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, кои постоајно и долго време повторуваа дека тие биле се „сечени, лепени, монтирани“.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција