И годинава се одржа манифестацијата „Тетовско културно лето“

Фото: Фејсбук-страница на „Тетовското културно лето”.

 

Ветување: Тетовско културно лето- фестивал каде се претставуваат сите форми на уметноста и културата

[Извор: Политичка програма на градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи за локалните избори 2017 , датум: октомври 2017]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Во предизборната програма на градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи,  на страница 43, во делот каде се зборува за традиционалните културни манифестации организирани од Општина Тетово,  е наведено и „Тетовското културно лето”. Ова ветување на градоначалничката Арифи е исполнето.

Ова лето по шести пат се одржа „Тетовското културно лето”, манифестацијата траеше од четврти јули до втори август. За разлика од минатите години, оваа година во програмата имаше повеќе спортски активности како велосипедизам, пешачење и планински велосипедизам, информираа медиумите.

По овој повод се огласи и програмскиот директор за „Тетовското културно лето”, Јетон Пустина, кој на 12.07.2018 за „Бон Зо” изјави:

Концерти за деца и млади, театарски претстави, но и разни атрактивни спортови, ќе бидат дел од содржините на шестото издание на Тетовското културно лето што ќе трае до трети август.

Тој тогаш додаде:

 Концертите вообичаено ќе бидат организирани на градскиот плоштад, улицата „ЈНА“ или таканаречената улица со чадорите, како и во „Жена парк“. Ние испративме покана до сите музички групи што делуваат во градот да настапат. Освен концертите и театарските претстави годинава ќе имаме и повеќе спортски активности како бокс, фудбалски натпревар на жени фудбалерки, кампување во планина, дефиле на мотори низ градските улици и слично.

Општина Тетово преку Фејсбук-страницата на градоначалничката Арифи  ги информираше граѓаните за сите активности одржани на „Тетовското културно лето”, а граѓаните освен од медиумите се информираа  и од Фејсбук-страницата на „Тетовското културно лето”.

Тетовското културно лето заврши на 2 август, но како што токму тој ден информираше Алсат-М, сè уште не се знае колку биле целосните трошоци за ова манифестација. Од Општина Тетово тогаш во изјава за телевизијата соопштија дека тоа ќе се случи после завршување на сите активности и додоа:

За организацијата на културното лето, 10 илјади евра се донација од Македонски Телеком а 5 илјади евра од ЕЛЕМ. Кога станува збор за другите активности, како бокс, Саемот на мед и другите активности, се дело на здруженијата кои ги реализира активностите.

Сепак, имајќи ги предвид сите информации од медиумите, како и теренската проверка, може да се констатира дека ова ветување на градоначалничката на Тетово, Теута Арифи за одржување на традиционалното културно лето во Тетово, е исполнето.

 

ИЗВОРИ:

Оцени: Дрилон Салиу


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.