Исен Асани

Исен Асани, градоначалник на Општина Теарце

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Исен Асани е роден на 20 јануари 1967 година во село Доброште. Оженет е и татко на две деца.  Сака да слуша музика, да чита книги, да скија и да планинари.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Основно образование завршил во родното село во ОУ „Фаик Коница“, а потоа ССОУ во „Моша Пијаде“ во Тетово. Во 1994 година завршил Филозофски факултет, отсек Историја, на Универзитетот во Приштина, а од 2008 година е на магистерски студии на Државниот универзитет во Тетово.

Зборува италијански и македонски јазик.

 

КАРИЕРА

Од 1994 година до 1995 година бил професор по историја во ОУ „Фаик Коница“, а од 1998 година до 2009 година професор по историја во ССОУ „Моша Пијаде“ во Тетово.

На локалните избори во 2009 година првпат беше избран за градоначалник на  Општина Теарце. Четири години подоцна, на локалните избори 2013 година го доби вториот градоначалники мандат, а на последните локални избори во октомври 2017 година по третпат стана градоначалник на оваа Општина.

 Асани бил претседател на Здружението на независни фармери за развој на земјоделството, како и претседател на Независната водна заедница.


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *