Јован Стојановски

Фото: Веб страна на Општина Охрид

 

Професор д-р Јован Стојановски е градоначалник на Охрид, избран на локалните избори во 2017 година

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Стојановски е роден во Охрид во 1970 година на 7-ми август. Оженет е и татко е на две деца

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Стојановски е дипломиран економист, доктор по економски науки. Дипломата ја стекнал на Универзитетот Свети Кирил и Методиј на Економскиот факултет во 1994, а до 1999 на истиот Универзитет ја добива и магистерската титула на тема „Политиката на цени во туризмот“

Образованието го дополнува на Стафордшир универзитетот во Велика Британија

Во 2003 година на Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола, на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид ја брани докторската титула на тема Специфични маркетинг стратегии за влез и настап на меѓународните туристички пазари

Од 2003 година станува и доцент на Факултетот за туризам и угостителство, каде е вработен уште во 1995 година. Од 2003 година станува и Продекан до 2010 година, а во звањето Вонреден професор е избран во 2008 година, за маркетинг и менаџмент

Автор и коавтор е на голем број научни трудови и статии, а бил и на повеќе студсики престои во Велика Британија, САД, Република Грција, Полска, Молдавија

 

КАРИЕРА

Професионалната кариера му е поврзана со Факултетот за туризам и угостителство-Охрид, каде што напредува хиерархиски по востановен принцип во високото образование.

Предава повеќе предмети од економската наука

Политичката кариера му започнува во 2013 година кога станува носител на листа за локалните избори во Охрид, кандидиран од Социјал демократскиот сојуз на Македонија. Тој е и шеф на советничката група во мандатот 2013-2017 година

За Градоначалник е кандидиран од страна на СДСМ на локалните избори во 2017 година. Иако неговата кандидатура од страна на централата во Скопје не мина без реакции во огранокот на партијата во Охрид, тој имаше сигурен предизборен настап во кампањата, а по убедливата победа станува градоначалник на 20.10.2017 година.

 

ИЗВОРИ:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција