Корекции и појаснувања

Сите барања за корекции и појаснувања можат да се испратат во рок од 30 дена од денот на објавувањето на материјалот за кој се бара корекција преку овој формулар. Тука можат да се достават забелешки за исправање на евентуални неточности, грешки, непрецизности или нејаснотии за кои се смета дека треба да се коригираат.

Одговорните лица во секое од изданијата ќе ги разгледаат забелешките и во рок од 2 дена ќе упатат соодветен одговор.

Информација за секоја направена корекција или дополнување, креирана врз основа на барање од член на публиката, ќе биде јасно наведена на почетокот од написот на кој таа се однесува.

Лицата кои се лично засегнати и сакаат да добијат и директен одговор на својата електронска адреса, се замолуваат да го истакнат тоа во пораката со која се бара корекција или појаснување.

 

Напомена: Ова упатство за корекции и појаснувања се заснова врз документот со наслов Политика за корекции и појаснувања на Фондацијата Метаморфозис и важи за сите нејзини изданија (каков што е и Вистиномер). Членовите од Уставот на РМ и законите врз кои е креиран овој документ можат да се најдат овде (Анекс 1).