Медат Куртовски

Медат Куртовски. Фото: Веб страна на општината

Градоначалник на Општина Маврово-Ростуше од октомври 2017 година, по победата на локалните избори

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Куртовски е роден на втори декември 1979 година во с. Скудриње. Оженет е и е татко на две деца.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Основното образование го завршил во Скудриње во ОУ „Блаже Конески“. Средно образование завршил во Централното средно насочено училиште „Здравко Чочковски“ во Дебар. Потоа се образува како филолог во Скопје. Дипломирал Англиски Јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот ‘’ Св. Кирил и Методиј’’.

 

КАРИЕРА

После завршување на факултетот работел како професор по англиски јазик во повеќе основни училишта. Истовремено бил активен во неколку здруженија на граѓани.

На локалните избори во 2017 година е кандидиран за градоначалник од страна на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, при што ја освојува довербата на граѓаните и ја презема функцијата во октомври истата година.

Неговите приротетни заложби во предизборната програма беа реконструкција и проширување на локалниот пат Ростушки мост – полициска станица, потоа изградба на катна гаража во село Скудриње и чиста и здрава вода за граѓаните на Церево, Врбен, Ново село и Сретково.

 

ИЗВОРИ:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција