Мукрем Мехмеди

 

Мукрем Мехмеди e градоначалник на Општина Маврово и Ростуше

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Мукрем Мехмеди е роден на 24 јули 1970 година, во село Скудриње.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Дипломиран радиолошки технолог. Се стекнал со ова звање на Високата школа за Радиолошки технологии на Универзитет „Св. Климент Охридски” во Битола. Од 1994 до 2001 година работел во Медицински центар Гостивар, а потоа до 2009 година во Здравствен дом „ Д-р Русе Бошковски” во Ростуше, каде бил и претседател на Управниот одбор на домот.

 

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

Политичката кариера  ја  започнува со избирањето за член на Советот на општина Ростуше во 2000 година. Активно учествувал на повеќе конгреси, семинари, симпозиуми и работилници на кои се обработувале теми од областа на неговата стручна определба, а активно соработувал во активности на повеќе невладини организации, граѓански здруженија и асоцијации.

На локалните избори во 2009 година за прв пат избран за градоначалник и по втор пат на локалните избори во 2013 година.

Во јули 2011 година е избран за член на Управниот одбор на ЗЕЛС и член е на Комисијата за локален економски развој при ЗЕЛС

 

ИЗВОРИ

Гласило на ЗЕЛС 2013

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција