Направени се измени на Законот за следење на комуникациите

Фото: Pixabay/Flickr

 

 

Владејачката партија СДСМ во предизборието (декември 2016) го даде следното ветување кое го оценуваме како исполнето:

Ќе воведеме гаранции на правото на приватност и ќе го смениме Законот за следење на комуникациите. Предлог за следење на комуникации нема да може да даде кој било полициски службеник и ќе го намалиме периодот во кој може да трае ограничувањето на тајноста на комуникациите. Ограничувањето на тајноста на комуникациите ќе биде строго контролирано и само кога е неопходно за собирање на податоци заради остварување на целите на следењето.

[Извор: Изборна програма на СДСМ (2016) – „План за живот во Македонија“ (стр. 233) – датум: декември 2016 г.]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето за измени на овој клучен Закон,  дадено во предизборната програма на СДСМ и коалицијата,  го има на неколу места во програмата, но конкретно и на стр.233 во поглавјето: „Правда, сигурност и контрола на власта“, како ветување што ќе биде реализирано во првите 6 месеци од  мандатот на новата Влада.

Иако рокот беше пробиен, сепак ова ветување на социјалдемократите беше исполнето релативно брзо во рамките на владиниот План за итни реформски приоритет:„3-6-9“. Така што, новиот Закон за следење на комуникациите беше усвоен во април 2018 година, 11 месеци по изборот на Владата предводена од СДСМ.

Според медиумските извештаи ,  Законот поминал со двотретинско мнозинство – 86 гласа „за“, а претходно беше изгласан и целосно новиот Закон за формирање на Оперативно техничката агенција – ОТА, која ќе управува со следењето на комуникациите.

Ветувањето за промена на Законот за следење на комуникациите произлезе од кризата во 2015 година, кога се појави скандалот со нелегално прислушуваните разговори, потоа беше сугерирано и побарано од експертите на ЕУ предводени од Рајнхард Прибе, а потоа и од ЕУ, како обврска на Македонија.

Целта на Законот е да се изменат правилата за следење на комуникациите на граѓаните, тие да бидат попрецизно утврдени околу причините за таквото следење, одобрувањето да биде строго контролирано од правосудниот систем и свичовите да бидат премесетени од Управата за безбедност и контраразузнавање, од каде што, како што утврди СЈО, во минатото се извршувало нелеглното прислушување.

Поради погоре изнесените факти, ова изборно ветување на СДСМ го оценуваме како исполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Тео Блажевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија. Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Оставете реакција