Не е формиран секретаријат за родова рамноправност

Фото: pixabay.com

 

Ќе востановиме Секретаријат за родова рамноправност при Влада на Република Македонија кој ќе се грижи за имплементација на родова перспектива во креирање на политиките и буџетите на национално и локално ниво.

 [Извор: Изборна програма на СДСМ ( 2016 ) „План за живот во Македонија“,  стр. 245, датум: декември 2016]   

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

За предвремените парламентарни избори (декември 2016 г.) СДСМ вети дека во првите две години по доаѓањето на власт ќе биде формиран  секретаријат за родова рамноправност . Ова изборно ветување на социјалдемократите дадено во нивната програма: „План за живот во Македонија“ , најнапред на  почеток од програмата во делот „Развој на домашните капацитети и пристојна работa“ (стр.111), а потоа и во рамките на „Планот 24м – итни реформски приоритети на новата Влада во првите 2 години“ (стр.245),  досега (28.05.2019)“,  не  е исполнето.

Според дадените изборни проекции на СДСМ,  секретаријатот за родова рамноправност требаше да биде формиран најдоцна  до крајот на овој месец, со оглед на тоа што Владата предводена од СДСМ беше избрана на 31 мај 2017 година. Проверката на „Вистиномер“ покажа дека до моментот кога е пишуван овој текст  не е основан ваков секретаријат.

На веб-страниците на Владата и на  Министерството за труд и социјална политика не може да се најдат информации дека е донесена одлука/ решение за  формирање на ваков Секретаријат. Иако, на пример, на интернет страниците на Владата и на Министерството за информатичко општество (МИОА) може да се најдат информации дека се формирани Совет за реформа на јавната администрација (декември 2017 Г.) и Секретаријат за реформа на јавната администрација (февруари 2018 г.), како и податоци за нивните активности.

Исто така, информација за основање на секретаријат за родова рамноправност, не може да се добие ниту со детална проверка на интернет преку Гугл и македонските агрегатори на вести. Единствено нешто што може да се најде, се информации поврзани со формирањето на Интер-ресорска советодавно консултативна група за еднакви можности на жените и мажите (октомври 2017 г.), на чија конститутивна седница во Владата присуствувале премиерот Зоран Заев и министерката за труд и социјала, Мила Царовска.

Сепак,  имајќи  предвид дека форматот на телото даден во изборното ветување е далеку поамбициозен – секретаријат за родова рамноправност,  кој ќе се грижи за имплементација на родова перспектива во креирање на политиките и буџетите на национално и локално ниво, ова изборно ветување на социјалдемократите го сметаме за неисполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција