Не е ревидирана одлуката за увоз на стари автомобили

Фото: Принтскрин

 

ВЕТУВАЊЕ: Ќе ја ревидираме одлуката за увоз на стари возила со цел да обезбедиме пониско ниво на емисии во воздухот од сообраќајот. Заедно со локалната самоуправа и сообраќајната полиција ќе спроведеме нови режими на сообраќај во поголемите градови, што ќе го намали загадувањето на воздухот.

[Извор: Програма на СДСМ (2016): „План за живот во Македонија“ (стр.227), декември 2016 ]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

СДСМ не го исполни ветувањето дека за шест месеци од изборот на Владата ќе ја ревидира одлуката за увоз на стари возила, а со цел да обезбеди пониско ниво на емисии во воздуxот од сообраќајот.

Ветувањето на СДСМ се темели на  анализите за загадувањето во поголемите градови, посебно Градот Скопје, кои покажаа дека сообраќајот е втор фактор на загадвање на воздуxот покрај греењето на дрва. Дополнителен проблем за загадвање на воздухот, според СДСМ е и либерализацијата на пазарот на автомобили во земјава од 2010 година, кога беше дозволено да се увезваат стари автомобили. Увозот на стари автомобили со различен еуро-стандард од 2010 до 2016 година порасна за повеќе од  230.000 што дополнително го зголеми загадвањето на воздот. Во 2013 година беше донесена одлука за забрана на увоз на автомобили кои не го исполнуваат еуро 4 стандардот, но одлката почна да се применва од 1 јули 2016 година иако екологистите и компаниите за увоз на нови автомобили бараа забраната да важи и за возилата со Еуро 4 стандард.

Тоа беше дополнителен повод СДСМ ова барање да го стави во својата програма „План за живот во Македонија“ План 180° итни реформски приоритети на новата влада во првите 6 месеци (стр.227).
И Владата во својата програма за работа на стр. 49 го вгради ова ветување на СДСМ.

Но и по повеќе од една година од изборот на Владата, одлуката за увоз на стари автомобили не е ревидирана. Информација дека одлуката била на дневен ред на седница на Владата во медимите и во владините соопштенија нема, а нема ниту донесени измени на Законот за увоз на стари автомобили и на Законот за возила.

Тоа за „Вистиномер“  го потврдија и од Министерството за економија:

Сè уште во сила е одлката која стапи на сила во 2016 година со која се забранува увоз на возила со понизок стандард од Еуро 4

Владата најави дека за да може да преземаат мерки локалните самоуправи и Министерството за екологија за намалвање на загаденоста во критичните – зимски месеци, ќе го измени и Законот за возила со кој ќе се воведат еколошки налепници во различни бои кои ќе покажваат во која еколошка категорија спаѓа секое возило.Еколошка категорија на возилата ќе се утврдува според нивото на емисија на издувни гасови од моторите согласно соодветните технички спецификации, односно ЕЦЕ или ЕЦ прописите.

Од Министерството за економија велат дека предлог измените се подготвени и се доставени до Владата, но не се донесени. Измените во нацрт се поставен и на Националниот електронски систем на реглатива (ЕНЕР) .

За текстот на измените треба да се произнесе Владата и потоа да почне процедурата за нивно донесување, велат од Министерството за економија.

Дополнително, локалните власти сè уште немаат воведено поинаков режим на сообраќај, посебно во периодот на големо загадвање на воздухот, освен Градот Скопје , кој одлучи само да забрани достава на стока од 7.30 до 18 часот, а беше најавено и дека возилата од внатрешноста ќе се оставаат на два влеза во Скопје, западен и источен, а возачите потоа ќе патуваат со градски превоз. Но, и ова сè уште не е реализирано. Нема определено паркинзи за возилата од внатершноста на земјата и не е регулирано како ќе се реализира градскиот превоз за овие лица.

Според тоа, ветувањето на СДСМ дека ќе ја ревидира одулката за увоз на стари автомобили и дека заедно со локалната самоуправа и сообраќајната полиција ќе спроведе нови режими на сообраќај во поголемите градови, што ќе го намали загадувањето на воздухот, не е исполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција