Повратен ефект – кога тврдоглавоста ќе надвладее врз фактите

Овој истражувачки преглед анализира седум влијателни експериментални студии, кои го имаат истражувано наводниот „повратен ефект“, главно во САД. Наодите на прегледот покажуваат дека, иако „повратниот ефект“ може да настане во извесни случаи, неговата појава е многу поретка отколку што се претпоставуваше и побивањето на дезинформациите генерално ги вточнува верувањата на луѓето кога станува збор за конкретни тврдења

Британската невладина организација „Full Fact“ од Лондон, која се занимава со истражувања поврзани со проверката на фактите (fact checking) и дезинформациите, издаде истражувачки преглед кој се однесува на феноменот „повратен ефект“, кој настанува при проверката на фактите кај медиумските производи или изјавите на политичарите и другите јавни личности.

„Повратен ефект“ во овој контекст значи, всушност, несакано постигнување на обратен ефект од посакуваниот, по извршената проверката на факти. Поконкретно, ова значи читателот, кој бил изложен на првична дезинформација, откако ќе ја прочита проверката на фактите, уште повеќе да верува во првично восприемената дезинформација. Ваквиот ефект понекогаш дури и се интерпретира како доказ дека проверката на факти е неефективна, па дури и контрапродуктивна.

Овој истражувачки преглед анализира седум влијателни експериментални студии, кои го имаат истражувано наводниот „повратен ефект“, главно во САД. Наодите на прегледот покажуваат дека, иако „повратниот ефект“ може да настане во извесни случаи, неговата појава е многу поретка отколку што се претпоставуваше и побивањето на дезинформациите генерално ги вточнува верувањата на луѓето кога станува збор за конкретни тврдења.

Во две студии од 2010 и 2012 година најдени се докази за постоење повратен ефект во извесни околности, но ниедна од поновите студии, кои прегледот ги анализираше (од 2015, 2017, 2018 и 2019) не најдоа докази за постоење на овој ефект.

Случаите кога се појавува „повратниот ефект“ се оние кај кои има силно поделени и спротивставени мислења или, пак, кај оние каде што фактичкото тврдење не содржи убедлив доказ.

Во секој случај, овој истражувачки сугерира дека проверката на фактите им помага на граѓаните да бидат подобро информирани, како и дека појавата на „повратен ефект“ е многу ретка. Тој, исто така, смета оти се потребни дополнителни истражувања и напори со цел да се осознае како содржините со проверки на факти би можеле да бидат најефективни.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.