Стефан Богоев

Стефан Богоев е градоначалник на Општина Карпош

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Стефан Богоев е роден на 28.август 1989година во Скопје.

ОБРАЗОВАНИЕ

Основното образование го завршил во OОУ „Војдан Чернодрински“, а средното образование во гимназијата „Никола Карев”.

Дипломирал во јуни 2011 на Бизнис Администрација, „Концентрација на финансии“ при Универзитет Американ Колеџ Скопје.

Магистрант е и стипендист на Американ Колеџ – Скопје, „Применета економија“, на англиски јазик.

Течно зборува англиски јазик.

Поседува менаџерски и организациски способности, комуникациски вештини и подготвеност за тимска работа.

                                                                                                       

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

Во април, 2014 година, на предвремените парламентарни избори е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија. Член е во Комисијата за европски прашања, во Комисијата за економски прашања и во Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Во декември, 2016-та година, на предвремените парламентарни избори, повторно е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија. Членува во Комисијата за европски прашања, во Комисијата за прашања на изборите и имeнувањата и во Комисијата за економски прашања.

На локалните избори одржани на 15-ти октомври 2017 година, Стефан Богоев е избран за Градоначалник на Општина Карпош освојувајќи мнозинство гласови во првиот изборен круг.

ИЗВОРИ

Веб-страница на Општина Карпош:  Градоначалник/Биографија

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција