Стефан Богоев
Стефан Богоев е градоначалник на Општина Карпош
ПРИВАТЕН ЖИВОТ
Стефан Богоев е роден на 28.август 1989година во Скопје.
ОБРАЗОВАНИЕ
Основното образование го завршил во OОУ „Војдан Чернодрински“, а средното образование во гимназијата „Никола Карев”.
Дипломирал во јуни 2011 на Бизнис Администрација, „Концентрација на финансии“ при Универзитет Американ Колеџ Скопје.
Магистрант е и стипендист на Американ Колеџ – Скопје, „Применета економија“, на англиски јазик.
Течно зборува англиски јазик.
Поседува менаџерски и организациски способности, комуникациски вештини и подготвеност за тимска работа.
ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА
Во април, 2014 година, на предвремените парламентарни избори е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија. Член е во Комисијата за европски прашања, во Комисијата за економски прашања и во Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
Во декември, 2016-та година, на предвремените парламентарни избори, повторно е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија. Членува во Комисијата за европски прашања, во Комисијата за прашања на изборите и имeнувањата и во Комисијата за економски прашања.
На локалните избори одржани на 15-ти октомври 2017 година, Стефан Богоев е избран за Градоначалник на Општина Карпош освојувајќи мнозинство гласови во првиот изборен круг.
ИЗВОРИ
Веб-страница на Општина Карпош: Градоначалник/Биографија
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар