Т.Н.Т. – Истрага за моќници кои уриваат од одмазда

ТНТ - срушениот објект „Космос“

Објектот во сопственост на Фијат Цаноски бил урнат по замисла и наредба од екс-премиерот, преку министерот за транспорт и градоначалникот на Гази Баба, а инспекторка во Општината го потпишала решението за уривање

 

 

Објектот во сопственост на Фијат Цаноски бил урнат по замисла и наредба од екс-премиерот, преку министерот за транспорт и градоначалникот на Гази Баба, а инспекторка во Општината го потпишала решението за уривање

 

21.04.2016 – Станува збор за истрага на СЈО во врска со дела кои се сторени од одмазда, пред сè, предизвикани од политичка дискриминација, изјави тогаш специјалната обвинителка Катица Јанева.

На поранешен пратеник во Собранието на РМ и бизнисмен, Фијат Цаноски му уриваат градежен објект во карабина од огромна вредност, станабено-деловниот објект „Косомос“.

„Космос“, чие уривање започна во август 2011 година, требаше да биде универзитетско-сместувачки објект веднаш до универзитетот кој е во сопственост на оштетениот Цаноски и неговите компании, а според тврдењето на инвеститорот, направена му е материјална штета од 60-тина милиони евра.

Еве што изјави на презентацијата на истрагата обвинителката Фатиме Фетаи:

Имено, од прибраниот доказен материјал, произлезе основано сомнение дека во временскиот период од 01.05.2011 година до 17.08.2011 година,  во Скопје, тогашниот Претседател на Владата на РМ и Претседател на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и тогашниот Министер за транспорт и врски во Владата на РМ, кои со Одлука бр.08-523/1 од 12.04.2016 г. на Претседателот на Република Македонија се помилувани-ослободени од кривично гонење, заеднички, со цел да му се одмаздат на оштетениот Фијат Цановски за неговата политичка одлука, кој, како претседател на политичката партија ПЕИ ја напуштил коалицијата со политичката партијата ВМРО-ДПМНЕ и склучил коалиција со опозициската политичка партија СДСМ, искористувајќи ја нивната политичка моќ со умисла го поттикнале да стори кривично дело Градоначалникот на Општина Гази Баба, кандидиран од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и кој, исто така, со Одлука бр.08-523/1 од 12.04.2016 г. на Претседателот на Република Македонија е помилуван-ослободен од кривично гонење, тој да ја искористи својата службена положба и да најде начин незаконски да го сруши станбено-деловниот објект „Космос“, што бил граден од оштетениот-инвеститорот ТД „ФИНЕ“ ДОО Скопје и изведувачот „КОСМОС ИНЖЕНЕРИНГ“ ДООЕЛ Скопје, трговски друштва каде сопственик е оштетениот Фијат Цаноски….

Повеќе детали за истрагата на СЈО под кодно име Т.Н.Т. можете да прочитате тука

Како дел од медиумите ја пренесоа веста за новата истрага, читајте тука.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција