„Траекторија“ – Милионски кинески провизии завршиле во џебовите на владини функционери

Од доказите кои се обезбедени во досегашниот тек на постапката произлегува основано сомнение дека четирите службени лица во постапката за избор на компанија која ќе ги гради автопатните делници Миладиновци–Штип и Кичево–Охрид, покрај тоа што ја одбегнале примената на Законот за јавни набавки, постапиле спротивно и на условите поставени од Кинеската влада и кинеската „Ексим банка“ како заемодавач

 

Од доказите кои се обезбедени во досегашниот тек на постапката произлегува основано сомнение дека четирите службени лица во постапката за избор на компанија која ќе ги гради автопатните делници Миладиновци–Штип и Кичево–Охрид, покрај тоа што ја одбегнале примената на Законот за јавни набавки, постапиле спротивно и на условите поставени од Кинеската влада и кинеската „Ексим банка“ како заемодавач

 

На 22.05.2017 година Специјaлното јавно обвинителство  (СЈО)  на прес-конференција соопшти дека е отворена нова истрага со работен наслов „Траекторија“, против четири високи владини функционери. Според СЈО,  тие во 2012 и 2013 година при процедурата за избор на изведувач за градење на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, не ги почитувале правилата за спроведување тендер и дозволиле една компанија незаконски да добие имотна корист. Овие лица, во постапката за барање најдобар изведувач, спротивно на правилата за јавни набавки и спротивно на условите на кинеската Влада и кинеската „Ексим“ банка, избрале изведувач што имал поскапа понуда од втората компанија што конкурирала на тендерот, при што го оштетиле буџетот за најмалку 150 милиони евра.

Во овој случај на СЈО, како што објави телевизијата „Телма“, осомничени се експремиерот Никола Груевски, поранешните владини функционери Владимир Пешевски и Миле Јанакиески, како и ексдиректорот на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски. Автопатите Миладиновце–Штип и Кичево-Охрид ги гради кинеската команија „Синохидро“.

Во образложението за овој случај обвинителката Фатиме Фетаи рече дека оваа истрага

е отворена против четири службени лица – поранешни високи владини функционери, за кои постои основано сомнение дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија изведувач за изградба на автопатните делници Миладиновци–Штип и Кичево–Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања и му нанеле штета на буџетот на РМ во износ од најмалку 155.117.172 евра и за истиот износ на компанијата – изведувач ѝ овозможиле да се стекне со имотна корист.

Од доказите кои се обезбедени во досегашниот тек на постапката произлегува основано сомнение дека четирите службени лица во постапката за избор на компанија која ќе ги гради автопатните делници Миладиновци–Штип и Кичево–Охрид, покрај тоа што ја одбегнале примената на Законот за јавни набавки, постапиле спротивно и на условите поставени од Кинеската влада и кинеската „Ексим банка“ како заемодавач. Иако според претходно дефинираните услови осомничените изборот на изведувач требало да го извршат според домашното законодавство, а откако проектната документација ке ја достават на компании во Кина кои се наоѓаат на листа на кинески компании квалификувани за спроведување на вакви проекти, тоа не го сториле, а проектната документација ја доставиле само до две кинески компании. Постои основано сомнение дека во месец јануари 2013 година тројцата осомничени поттикнати од првоосомничениот, иако биле доставени две понуди, преговорите ги воделе само со една компанија и иако во текот на преговарањето со првата компанија, втората компанија која воопшто не била повикана на преговори доставила дополнителна пониска понуда, ваквата понуда не ја евидентирале никаде и ја сокриле, по што парафирале усогласен текст на договор за изградба на автопатните делници Миладиновци–Штип и Кичево–Охрид со компанијата која имала повисока понуда. Со ваквите дејствија постои основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. со ст.1 од Кривичниот законик на Република Македонија

Целата прес-конференција можете да ја видите тука, а извештаите на медиумите поврзани за овој настан можете да ги прочитате на овој линк.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција