Твоето политичко ветување звучи познато: Не е реконструиран Северниот булевар во Кавадарци

И во шестата емисија зададено прашање за неисполнето ветување. Фото: Скриншот

„Вистиномер“ пишуваше за ова ветување на Панов на крајот на август годинава. Ова ветување е неисполнето.
Секој работен ден од 14:30 часот, слушателите може да погодуваат кој политичар или партија дал одредено ветување и дали е тоа исполнето. За точните одговори следува награда од радиото.

 

Во шестата радиоемисија „Твоето политичко ветување звучи познато“, која радиото „Индекс“ ја реализира во соработка со „Вистиномер“, ветувањето што слушателката требаше да го погоди, како и да каже дали е исполнето или не, беше ветувањето дадено пред локалните избори во 2013 година од градоначалничкиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Панов, кој вети  комплетна реконструкција на Северниот булевар во градот Кавадарци.

„Вистиномер“ пишуваше за ова ветување на Панов на крајот на август годинава. Ова ветување е неисполнето.

Секој работен ден од 14:30 часот, слушателите може да погодуваат кој политичар или партија дал одредено ветување и дали е тоа исполнето. За точните одговори следува награда од радиото.

Заинтересираните може да се пријавуваат на електронската адреса [email protected] и треба да испратат име и презиме и телефонски број на кој луѓето од радиото може да ги повикаат и да ги вклучат во емисијата.

Шестата епизода може да ја проследите тука.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција