Твоето политичко ветување звучи познато: Не е реконструиран Северниот булевар во Кавадарци
„Вистиномер“ пишуваше за ова ветување на Панов на крајот на август годинава. Ова ветување е неисполнето.
Секој работен ден од 14:30 часот, слушателите може да погодуваат кој политичар или партија дал одредено ветување и дали е тоа исполнето. За точните одговори следува награда од радиото.
Во шестата радиоемисија „Твоето политичко ветување звучи познато“, која радиото „Индекс“ ја реализира во соработка со „Вистиномер“, ветувањето што слушателката требаше да го погоди, како и да каже дали е исполнето или не, беше ветувањето дадено пред локалните избори во 2013 година од градоначалничкиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Панов, кој вети комплетна реконструкција на Северниот булевар во градот Кавадарци.
„Вистиномер“ пишуваше за ова ветување на Панов на крајот на август годинава. Ова ветување е неисполнето.
Секој работен ден од 14:30 часот, слушателите може да погодуваат кој политичар или партија дал одредено ветување и дали е тоа исполнето. За точните одговори следува награда од радиото.
Заинтересираните може да се пријавуваат на електронската адреса tvoetovetuvanjezvucipoznato@radioindex.mk и треба да испратат име и презиме и телефонски број на кој луѓето од радиото може да ги повикаат и да ги вклучат во емисијата.
Шестата епизода може да ја проследите тука.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар