Висар Ганиу, градоначалник на Општина Чаир: Не сите проекти зависат од нас (видео)

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, во интервју за Порталб.мк и Вистиномер.мк, зборуваше за спроведувањето на предвидените проекти во Општината, меѓу кои: уредување на улиците, кружните текови, уредување на училиштата, изградба на библиотека, изградба на културен дом, на паркинзи и други проекти предвидени во текот на неговиот мандат

 

Ганиу во ова интервју информира дека општината не ја затекнал со големи долгови. Тој додава дека имало тековни задолжувања, но вели дека тие за една општина се вообичаени, додека извесни долгови се најдени само во училиштата, како последица на блок донациите, поради начинот на расподелбата на овие средства.

Тој изјави дека нема определени рокови за реализација на проекти, затоа што иако некои капитални инвестиции Општината може самата да ги имплементира од својот буџет, сепак, крупните инвестиции одат во партнерство со Градот Скопје, со јавните претпријатија и со Владата на РМ.

Ганиу вели дека библиотеката, Домот на културата или Центарот за млади ќе се спроведат со помош на општинскиот буџет, но, како што истакнува, роковите се поврзани со процедурите, а треба да се направат и измени во урбанистичкиот план, за што е ангажирана надворешна агенција. Процедурата за измена на планот може да трае од шест месеци до година и пол.

Потребната документација за добивање градежна дозвола на изградба на паркингот кај Националниот театар е во фаза на подготовка, а, исто така, се подготвуваат и документите за Чаирчанка, дозволата за изградба на Зелениот пазар е добиена, а над пазарот е планиран паркинг за 240 возила. При изградбата на третата фаза на булевардот „Скендербег“, пак, ќе се гради подземен паркинг. На некои улици, каде тротоарите се пошироки, ќе започне и изградбата на патеки за велосипеди, но не беше прецизирано кога тие ќе почнат да се градат.

Изградбата на кружни текови, според Ганиу, останува проблематична, затоа што според Законот за Град Скопје се бара радиусот на кружните текови да е 15 метри и согласно овој Закон можат да се добијат многу малку дозволи за изградба на вакви објекти. Според него, се работи во насока на измена на Законот и додаде дека документацијата за две кружни тека се веќе подготвени.ВИДЕО

Ганиу, исто така, истакна дека ќе започнат да ги опремуваат училиштата со „ефикасна“ енергија, а и ветените 141 зграда ќе бидат енергетски ефикасни. Тој додава дека Општината нема да даде голем придонес во тоа, но предзеле иницијатива за да се формират станбени совети.

Градежни дозволи за нови градби се доделуваат, но во рамки на постоечкиот урбанистички план. Становите близина на големиот маркет „Принц“ ќе има две подземни паркинзи, во близина на одредени улици заедно со нивната урбанизацијата ќе бидат изградени и зелени површини.

Во однос на ветувањето за изградба на четири спортски сали, Ганиу вели дека за спортската сала кај Битолскиот Конгрес документацијата е подготвена и дека останатото зависи од Министерството за образование.

За оваа година, Ганиу вели дека за реконструкцијата на спортската сала „Партизан“ се одвоени 6 милиони денари или 100.000 евра за дополнителен простор за индивидуални спортови, а се очекува Градот Скопје да додели 12 милиони денари за побрза реконструкцијата на салата.

Кога станува збор за реконструкција на базенот, вели дека бараат тој објект да ѝ биде даден на Општината, бидејќи е во сопственост на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти, кое е во стечај.

Ганиу вели дека започнале со реконструкција на тоалетите во училишта и дека до Министерството за образование и наука доставиле молба за изградба на нови простории во основните училишта „Исмаил Ќемали“ и „Лириа“, затоа што бројот на учениците е многу голем.

Тој тврди дека ќе аплицираат во Министерството за труд и социјална политика за изградба на градинка и додава Општината има предвидено парцела за изградба и на уште една градинка, но ако Општината не биде во можност самостојно да ја изгради, тогаш таа ќе се реализира по пат на јавно-приватно партнерство. Ганиу, исто така,  вели и дека се бара парцела за изградба на ветената читална.

Градоначалникот на Општина Чаир изјави дека од страна на Европската унија се добиени 820.000 евра за реконструкција на калдрмата, замена на витрините на 75 дуќани во Старата скопска чаршија, како и дека натписите на дуѓаните ќе бидат електронски и ќе имаат смарт табли. Овој проект ќе биде предводен од страна на ЕУ и оттаму зависи кога ќе се исполни, додавајќи дека Општината само го следи проектот.

Ганиу вели дека има Општината има портпарол и ветува оти ќе работи транспарентно и во иднина.


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *