ВМРО-ДПМНЕ: Регулаторна гилотина на прописите за занаетчискиот сектор


Ќе спроведеме регулаторна гилотина на прописите за занаетчискиот сектор, со цел да ја подобриме законската регулатива и да овозможиме деловно опкружување погодно за раст на занаетчиството. Преку отстранување на административните бариери ќе се овозможат на занаетчискиот сектор одредени олеснувања за инвестиции во нови технологии и во истражување и развој; поедноставени процедури на регистрација и воведување на регистрирање преку Интернет; регулирање на статусот на волонтери, студенти и работници додека се под обука кај занаетчиите со цел да се подобрат социјалните услови на невработените, студентите и други чувствителни социјални групи.
[Рок: октомври 2012]

Образложение:

Во правец на остварување на ова ветување во изминатиот период беа организирани неколку активности и тоа: Промоција на Скопската чаршија од страна на министерот за економија Валон Сарачини, пред странските дипломати,

Следна активност беше  работна средбата на М-р Владимир Пешевски со занаетчиската комора Скопје. Работната средба беше искористена за презентација на проблемите од страна на занаетчиите и како би можеле истите да се решат.

Што се однесува конкретно на отстранување на административните бариери со цел развој на занаетчискиот сектор, се уште нема конкретни активности кои овозможуваат поедноставна процедура. Министерот за економија Ваљон Сараќини на манифестацијата „Признанија за најуспешните“ изјави дека овој проект е во тек, што значи по истекување на предвидениот рок, ветувањето не е исполнето.

Линкови:

Оценето од: Марија Теговска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција