Yearly Archives

2021

Нема докази дека вакцините против ковид-19 влијаат врз плодноста кај мажите или жените

Не е докажано дека ковид-19 вакцините влијаат врз квалитетот на сперматозоидите, односно вакцините не влијаат врз плодноста ниту кај мажите ниту кај жените. Точно е дека квалитетната сперма сè повеќе се бара на пазарите и дека нејзината…

Лажица и монети не се лепат на рамото поради вакцината

Овој пост што се споделува на „Фејсбук“ е невистинит. Вакцините немаат магнетизирачко дејство, немаат магнетизирачки компоненти. Предмети на раката може да се залепат поради фрикција (триење), лепило, селотејп, природната пот на кожата на…

Изјава на експерт за делта варијантата на ковид-19 вирусот не е „психопандемија“

Научни вистини и актуелни статистички показатели, кои укажуваат за опасноста од т.н. индиски сој или делта варијанта на корона вирусот, искажани од професор и признат медицински експерт, во објава на Фејсбук се претставени како ширење…

Сингапур не открил дека ковид-19 е предизвикан од бактерија

Невистинит е овој  пост во којшто се тврди дека Сингапур открил оти ковид-19 е предизвикан од бактерија, а не од вирус, како и тоа дека ја променил терапијата за лекување. Исто така, не е точно дека обдукцијата била извршена спротивно на…

АНАЛИЗА: За три години 50 милиони евра за развој на општините – дали и како се трошеле парите?

Почист воздух, подобра водоводна и канализациска мрежа, патишта… Милионски суми на средства секоја година се префрлуваат од централно на локално ниво. Во периодот од 2017 до 2019 година од централно ниво на општините се трансферирале скоро…

Вакцинираните не се опасност по здравјето на невакцинираните, ниту се самоубијци

Вакцинацијата во С. Македонија е доброволна и никој никого не присилува никого да  се вакцинира. Вакцинираните луѓе, наспроти тврдењето во овој пост, не претставуваат никаков ризик по здравјето на невакцинираните. Постот предизвикува…

Апел за помош стар четири години се шири на Фејсбук

Донации за младиот битолчанец се собирале во 2017 година, а не сега во 2021 година. Момчето за жал е починато и реобјавувањето на постови за стари хуманитарни акции е пред сè неетички. Ваквите објави предизвикуваат болка кај семејствата кои…

Бил Гејтс не го затемни Сонцето и тоа не е причината за високите температури

Проектот, на кој што се повикува оваа објава на „Фејсбук“, не е на Бил Гејтс туку го спроведува универзитетот Харвард, односно програмата за истражување на соларно геоинженерство. Единствената поврзаност на Гејтс со овој проект е што тој е…

Вакцините немаат чип ниту магнетизирачко дејство

Вакцината нема магнет во неа. Второ, како што пишува „Форбс“, ниедна вакцина против ковид не содржи траги од железо, никел, кобалт, литиум. мРНА вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ имаат липиди, соли, шеќери и киселини и киселински…

Нема никакви докази дека крвната слика се влошува по примање вакцина против ковид-19

Во оваа објава  се тврди дека вакцините против ковид-19 ја влошуваат крвната слика на луѓето и дека тоа го утврдила докторка која ја споредувала крвната слика на пациентите пред и по примањето вакцина. Но, тука не е прецизирано за која…

Музички фестивал во Париз прикажан како протест против национално обесправување

Видеото во постот што се споделува на Фејсбук е снимка од фестивал на музиката во Париз. Доколку внимателно се погледне видеото, се забележува  името Marc-Olivier Chataignier. Ако пребарате ова име на интернет, ќе видите дека станува збор…

Објавена е Анализа на дезинформациите поврзани со ковид-19 во Северна Македонија

Зошто огромен број граѓани, но и новинари, политичари, професори и други јавни личности, потпаднаа под влијание на дезинформации за ковид-19 до тој степен што и самите земаа активна улога во нивно ширење, приспособување и измислување?…

Смртта на пилотите од Бритиш Eрвејз не е поврзана со ковид-19 вакцините и не се водат кризни…

Информацијата дека четоврица пилоти на Бритиш ервејз починале е точна, но не е вистина дека нивната смрт е поврзана со вакцината против ковид-19 и дека авиокомпанијата е во некакви кризни разговори со Владата за тоа дали да дозволи летање…

Вакцината на Џонсон и Џонсон има упатство за користење, ама онлајн

Тврдењето дека празните листови во медицинските пакувања на вакцините се со цел да се сокријат информациите за безбедноста и за ефикасноста на вакцината, се невистинити. Листот е намерно оставен бел, затоа што содржи кју-ар код и…

Не е точно дека Министерството за здравство купило нула вакцини

Факт е и дека имаше голем број на донирани вакцини за Македонија. Меѓутоа, не е точно дека министерот за здравство и Владата купиле нула вакцини против ковид, како што тврди оваа објава на Фејсбук. Купените вакцини, едноставно, доцнеа, иако…

Манипулација е дека 5.000 смртни случаи во САД се директно поврзани со вакцините против ковид-19

Оваа Фејсбук објава којашто е дел од антиваксерската кампања, ги наведува читателите да веруваат дека навистина 5.000 луѓе починале само затоа што се вакцинирале, што не е точно. Ова претставува намерна манипулација и одвраќање на…

Помалку луѓе се иселиле не затоа што дојде живот во С. Македонија, туку поради пандемијата

Вицепремиерот Николовски споредува податоци кои не се споредуваат. Речиси година и половина светот живее во услови на ковид пандемија и нема простор за  величење на Владата дека нејзините политики резултирале со намалување на бројот на…

Не е точно дека вакцините не се ефикасни против мутациите на коронавирусот

Неточно е тврдењето искажано во оваа објава на Фејсбук, дека самите производители на вакцините изјавиле оти тие не се ефикасни против индискиот сој и мутациите на коронавирусот. Точно е дека новите мутации ја намалуваат ефективноста на…