Средношколците имаат бесплатен јавен превоз
Бесплатен јавен превоз за сите средношколци, вети градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во кампањата за локалните избори (октомври 2017г.). Ова ветување на Шилегов, наведено во неговата изборната програма, „Живот во Скопје за сите!“, стр.31, е исполнето.
Ветување: Бесплатен јавен превоз за средношколци
[Извор: Изборна програма на Петре Шилегов– „Живот во Скопје за сите!“стр.31 – датум: октомври 2017 г. ]
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Бесплатен јавен превоз за сите средношколци, вети градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во кампањата за локалните избори (октомври 2017г.). Ова ветување на Шилегов, наведено во неговата изборната програма, „Живот во Скопје за сите!“, стр.31, е исполнето.
Од септември 2018 година Град Скопје овозможи бесплатен превоз за сите скопски ученици, независно од оддалеченоста на домот од училиштето. Претходно бесплатни слободни карти им следуваа само на учениците на кои училиштето им е одалечено повеќе од 2,5 километри од нивните домови.
Досега бесплатен превоз користеле околу 20 илјади ученици кои живеат на повеќе од 2,5 километри оддалеченост од училиштето во кое учат. Од оваа учебна година (2018 н.з.) бесплатен превоз ќе можат да користат дополнитело над две илјади ученици, односно сите ученици без исклучок, информираше градоначалнико Шилегов при посетата на скопската гимназија „Орце Николов“(02.09.2018).
Средношколците во Скопје имаа бесплатен јавен превоз и во 2019 и 2020 година, а исто така, бесплатните годишни средношколски билети важат и оваа учебна година 2021/2022 .
ИЗВОРИ:
- Изборна програма на Петре Шилегов – „Живот во Скопје за сите!“ стр.31 ( октомври 2017) [Проверено: 15.09.2021]
- Тајм.мк (02.09.2018): Бесплатен превоз за сите скопски ученици, независно од оддалеченоста на домот од училиштето [Проверено: 15.09.2021]
- Тајм.мк (31.09.2018): Од утре бесплатен јавен превоз за средношколците [Проверено: 15.09.2021]
- Радио МОФ (02.09.2018): Бесплатен превоз за сите скопски ученици, независно од оддалеченоста на домот од училиштето[Проверенонеделник почнуваат да важат бесплатните средношколски билети [Проверено: 15.09.2021]
- Канал 5 (31.08.2010): Од утре повторно ќе важат бесплатните годишни средношколски билети за јавен превоз [Проверено: 15.09.2021]
- Слободен печат (3.08.2021): ЈСП: Од утре во сообраќај поголем број автобуси, ќе важат и средношколските билети [Проверено: 15.09.2021]
Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар