Се чистат дивите депонии во Скопје

Расчистена дивата депонија кај МРТВ Фото: ФБ профил на градоначалничката Данела Арсовска

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска во изборната кампања за локаните избори (октомври 2021 г.) вети дека ќе работи на отстранување и чистење на дивите депонии во главниот град. Таа во соопштение за јавност од 10 октомври 2021 година оцени дека „Скопје е град кој се дави во смет и диви депонии“ и најави постојани контроли, инспекции и грижа депониите да не се појават повторно. Реализацијата на ова нејзино ветување е во тек.

Ветување: Чистење на диви депонии во Скопје

[Извор: Соопштение за јавност на градоначалник на Скопје, Данела Арсовска; Датум: 10.10.2021 година]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска во изборната кампања за локаните избори (октомври 2021 г.) вети дека ќе работи на отстранување и чистење на дивите депонии во главниот град. Таа во соопштение за јавност од 10 октомври 2021 година оцени дека „Скопје е град кој се дави во смет и диви депонии“ и најави постојани контроли, инспекции и грижа депониите да не се појават повторно.

До мене секој ден пристигнуваат фотографии од депонии од различни локации. Некои од нив секојдневно се палат, го загадуваат воздухот, почвата и подземните води и ги загрозуваат нашите животи. Ваква не смее да биде иднината на Скопје и скопјани. Токму затоа чистењето на депониите е еден од приоритетите во мојата програма. Ќе ги исчистиме сите депонии за точно 82 дена и ќе го ревитализираме просторот во чиста зелена површина, вети Арсовска пред локалните избори.

Реализацијата на ова нејзино ветување е во тек.

На 4 декември Арсовска беше да провери како се одвива чистењето да дивата депонија во Ѓорче Петров, во близина на индустриската зона. Од оваа активност на чистење на дивата депонија  Арсовска објави и фотографии на Фејсбук.

Дивите депонии во Скопје мора да бидат минато. Денеска бевме на увид како се одвива чистењето на депонијата во близина на индустриската зона во Ѓорче Петров. Таму постои континуиран проблем што во вечерните часови се фрла отпад. Сакам да најавам дека започнува засилено работата на инспекциските служби на град Скопје и дека со глоби за фрлање на отпад на јавна површина ќе се казнуваат оние кои наштетуваат на животната средина и здравјето на граѓаните. Од сите нас зависи во каков град живееме и нема да има отстапки, време е да се стави ред. До 31 јануари ќе бидат исчистени дивите депонии кои ги детектиравме што веќе почнаа да се реализира во голем дел од општините во Скопје, а воедно се работи на системско решение за превенција, објави Арсовска на Фејсбук.

На 19 декември градоначалничката на Скопје, исто така, на Фејсбук објави дека се продолжува со чистење на мапираните диви дипонии низ населените места на повеќе локации во Скопје и дека дента целосно била исчистена дивата депонија во скопската населба Крњево, недалеку од центарот на градот.

Градот Скопје веќе исчисти 120 диви депонии во првите 30 дена од мојот мандат. Со санацијата на дивите депонии на подрачјето на Скопје каде вообичаено се согорува отпад, значително ќе се придонесе за намалување на аерозагадувањето, како и ќе се елиминира потенцијалната опасност од загадувањето на подземните води и почвата. Скопје без диви депонии е еден од главните проекти на кој активно работиме, во соработка со општините и јавните претпријатија под Град Скопје, напиша Арсовска.
Истиот ден на Фесјбук страницата на градоначалничката Арсовска објавено е и видео на кое се гледа дека во соработка со Општина Кисела Вода е исчистена една од најголемите диви депонии во оваа Општина, онаа во близина на цигланата во Драчево од каде биле отстранети повеќе од 300 кубни метри шут и друг кабаст отпад.

 

Со оглед на тоа што на терен се спроведуваат активности за санирање на диви депонии на повеќе локации во градот, ветувањето на Арсовска има оценка ,,во тек”.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Мирослава Бурнс

 


Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција