Холандскиот министер не се вакцинирал шест пати

Лицето Крешник Османи на Фејсбук  ја дезинформира јавноста во врска со вакцинирањето на министерот за здравство на Холандија, Хуго Де Јонге, објавувајќи негови стари фотографии со тврдење дека дека тој „е вакциниран дури шест пати“. Порталб  истражуваше и успеа да ги пронајде оригиналните фотографии на министерот во кои се гледа дека две се направени во 2018 година кога коронавирусот не ни постоеше, пишува Порталб.мк.

Османи на Фејсбук” напишал дека не прифаќа да му ја навредат интелигенцијата, но тоа тој им го прави на своите читатели манипулирајќи ги со старите фотографии на министерот за да фрли сомнеж врз ефикасноста на вакцината против ковид 19.

Министерот за здравство на Холандија денеска ве поздравува сите. Тој е фотографиран и снимен како се вакцинира со шест различни блузи. Што значи дека или ја примил шестата доза, или пак ниедна. Силно верувам во менталитет на овците. Јасверувамво наукаа не на идиотизмот на другите, пишува Крешник Османи во неговиот пост.

Но, зошто има 6 фотографии на министерот за здравство на Холандија на кои се гледа како тој се вакцинира?

Двете фотографии, на кои министерот за здравство во Холандија, Хуго де Јонге е облечен во бела кошула, а на другите две во бела маица се направени во 2018 и 2019 година.

Причината за вакцинацијата на министерот не бил коронавирусот туку, како што пишува на Твитер, сезонскиот грип против кој тој се вакцинира секоја година за да ги мотивира другите да се вакцинираат. Фотографиите се објавени на социјалната мрежа Твитер. Тука може да го видите оригиналот на првата слика. Тука може да го видите оригиналот на втората слика.

Министерот Хуго де Јонге е вакциниран против Ковид-19, но не 6 пати

На  4 јуни 2021 година, министерот за здравство во Холандија, Хуго де Јонге ја прими првата доза од вакцината против Ковид-19. Маицата што ја носел била во сина боја и истата ја има и во постот што го рецензираме.

Инаку, во Холандија повеќе од 12 милиони луѓе примиле најмалку една доза од вакцината против Ковид-19. Министерот Јонге изрази оптимизам за динамиката на вакцинацијата и се надева дека до септември најголемиот дел од населението ќе биде целосно вакцинирано. Целосна невистина е дека министерот шест пати бил вакциниран против ковид 19. Засега се препорачува примање две дози против коронавирусот и на „бустер“ доза која ја зајакнува одбраната, додека пак можноста за четврта доза уште се дискутира и не е одобрена од здравствените институции.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција