Во земјава нема да има рестриктивни мерки за „Омикрон“, земјите од ЕУ постапуваат поинаку

Северна Македонија е меѓу ретките земји кои не воведоа никакви рестриктивни мерки за спречување на ширењето на варијантата Омикрон на корона вирусот. Министерот за здравство Венко Филипче не ја исклучува можноста за влошување на состојбата со пандемијата поради новата варијантата, но мисли дека нема потреба да предложи нови рестриктивни мерки. Апелираше за примање на третата доза од вакцината, во развиените земји се води по остра „борба“ со оваа варијанта, пишува Порталб.мк.

 

„Омикрон“ нема да се биде пречекан со дополнителни мерки во РСМ

Според министерот за здравство во заминување, Венко Филипче, актуелните мерки против корона вирусот се доволни за да се спречи ширењето на вирусот, и иако сме во пресрет на новогодишните прослави, тој потврди дека нема да има дополнителни мерки.

 

Во моментов не размислуваме за дополнителни рестриктивни мерки, досегашните мерките се добри, мислам дека сегашните рестрикции се доволни дури и во пресрет на празниците бидејќи вакви групирања на јавни места има насекаде, дури и сега кога нема празници. Не гледам зошто конкретно за празниците на крајот на годината да се наметнат какви било дополнителни ограничувања, собирања пред нова година традиционално има насекаде, рече Mинистерот за здравство, Венко Филипче.

 

И покрај тоа, Филипче не ја исклучи можноста состојбата со пандемијата во Северна Македонија да се влоши поради било која варијанта на корона вирусот, за што апелираше до граѓаните да ја примат третата доза.

 

Нормално дека не можеме да предвидиме дали некоја нова варијанта на вирусот ќе влијае на влошување на состојбата со пандемијата, затоа акцентот го ставаме на вакцинацијата, сега има нови податоци од научни студии кои покажуваат дека вакцините се значително поефикасни кон новата варијанта Омикрон од моментот кога е примена третата бустер доза, па затоа апелирам за вакцинација, граѓаните кои примиле две дози, да ја примат и третата, додаде тој.

 

Што е потребно за влез во Северна Македонија?

 

Во моментот за влез и излез од државата на сила остануваат старите мерки кои стапија на сила пред појавата на варијантата Омикрон на корона вирусот. Треба да се напомене дека оваа варијанта е веќе потврдена во некои соседни земји. Ова се мерките за влез и излез: Целосна вакцинација, примени две дози од вакцината, негативен ПЦР тест, сертификат кој потврдува дека лицето ја прележало болеста пред 45 дена.

 

Како е ситуацијата со вакцинацијата?

Во Северна Македонија процесот на имунизација на населението се одвива без проблеми и со побавно темпо од тоа на почетокот, и до сега во земјата вкупно се вакцинирани 838.987 лица, односно околу 50% на населението. Хоспитализирани поради корона вирусот во земјава се вкупно 350 пациенти, и во болниците ширум земјата има слободни места.

 

Омикрон и земјите од ЕУ, што преземаат овие земји?

Германија воведе нови мерки за спречување на ширењето на Ковид-19, со што го ограничи собирањето на максимум 10 лица, при што секој од нив мора да биде вакциниран. Присуствувањето на големи настани, фудбалски натпревари, е забрането, ноќните клубови ќе бидат затворени од 20 декември, а луѓето кои патуваат од ОК во Германија ќе се ставаат во карантин.

 

Прашање на недели е кога варијантата Омикрон ќе стане доминантна кај нас, изјави министерот за здравство во Германија.
Во Шпанија е забранет влезот за туристи од Обединетото Кралство доколку немаат потврда за вакцинација, иако пред варијантата Омикрон невакцинираните можеа да влезат во Шпанија со негативен ПЦР тест.

 

Појавата на нови варијанти не обврзува да воведеме нови ограничувања, соопшти шпанската влада.

 

Според Светската здравствена организација, во Шпанија во последните седум дена се регистрирани вкупно 143.400 нови случаи и 195 смртни случаи од коронавирусот.

 

На 23 ноември во Холандија беа потврдени вкупно 13 случаи со варијантата Омикрон кај некои лица кои претходно отпатувале од Африка, со што Холандија стана првата земја од ЕУ со оваа варијанта.
Набргу потоа државата беше ставена во строг карантин за да се спречи ширењето на оваа варијанта, со што беа затворени баровите, рестораните, училиштата и неколку други јавни места. Овој државен карантин ќе трае најмалку до 14 јануари, потврди холандскиот премиер Марк Руте. Минатата недела во Холандија се регистрирани 108.521 нови случаи на коронавирус и 391 смртен случај.

 

Италијанскиот премиер Марио Драги во средата рече дека владата подготвува нови мерки за да спречи влошување на ситуацијата со пандемијата, иако на 6 декември веќе беа воведени некои построги мерки. Драги рече дека се размислува за задолжително носење на маските во отворени простори и ги спомна маските ФПФ2 кои според него нудат поголема заштита. Претходно, земјата воведе „супер зелена пропусница“ според која за присуство во јавни настани, спортови, концерти, театри и ресторани потребна е потврда за вакцинација, а не негативен тест за коронавирус.

 

Во меѓувреме, во последните седум дена во Италија се регистрирани 143.400 случаи на коронавирус и 750 смртни случаи. Инаку, иако министерот за здравство во Северна Македонија неколку пати изјави дека варијантата Омикрон не е пристигната во Северна Македонија, во меѓувреме првиот случај беше детектиран, кај патник вратен од Велика Британија во земјава.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција