Со лажно лого на „Волмарт“ се мамат граѓани за наводна наградна игра

Фото: Принтскрин ФБ пост

 „Волмарт“ нема претставништво во нашата земја, така што невозможно е да организира некакви наградни игри кај нас. Доколку ја отворите официјалната Фејсбук страница на „Волмарт“ ќе видите дека логото на компанијата е поинакво, со други бои. Ако, пак, ја побарате на Гугл фотографијата којашто е прикажана во прилог на постот, ќе видите дека таа е споделена на Фејсбук страницата Senic Gross Market и тоа во објава со иста содржина, но на романски јазик. Исто така, на официјалната Фејсбук страница на „Walmart“, не може да се најде објава со ваква содржина

Пост на Фејсбук, користејќи преправено лого на американската компанија „Walmart“ споделува објава за наводна наградна игра. Во постот објавен од страница насловена како „Walmart fans“ се манипулираат граѓаните дека компанијата ќе донира шпорети. Она што се бара од следбениците на страницата е да го споделат постот и да коментираат на истиот. Станува збор за Фејсбук страница креирана на 25 јуни која веќе има над 5.000 следбеници.

Во објавата што ја анализираме се наведува:

При продажбата минатиот месец имавме стотина печки кои беа малку оштетени на патот кон нашиот магацин. Сите шпорети сè уште работат правилно, но може да има вдлабнатини или гребнатини. Наместо да го фрлиме, мислевме дека ќе го дадеме на случајни луѓе кои споделуваат и коментираат. до 28 јуни до 20:00 часот. Доставата ќе се изврши следниот ден. Со среќа

Дека објавата е лажна се приметува по неколку работи. Прво, „Волмарт“ нема претставништво во С. Македонија, така што невозможно е да организира некакви наградни игри кај нас.

Понатаму, доколку ја отворите официјалната Фејсбук страница на „Волмарт“ ќе видите  дека  логото на компанијата е поинакво – со други бои, но и дека има над 32 милиони следбеници. Инаку „Walmart Inc.“ е американска мултинационална малопродажна корпорација која управува со синџир на хипермаркети, стоковни куќи со попуст и намирници од Соединетите Држави, со седиште во Бентонвил, Арканзас.

Исто така, она што отвора сомнеж за вистинитоста на објавата е фотографијата која е споделена во прилог на постот, а на која се прикажани луѓе на кои наводно им биле подарени шпорети. Доколку ја побарате фотографијата на Гугл ќе видите дека таа е споделена на Фејсбук страницата Senic Gross Market и тоа во објава со иста содржина, но на романски јазик.

На официјалната Фејсбук страница на „Walmart“, не може да се најде објава со ваква содржина.

Според ова, може да заклучиме дека станува збор за лажна наградна игра, односно дека објавата која ја анализираме е невистинита.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција