АНАЛИЗА: Плати во министерствата и во судството во 2023 година

Фото: portalb.mk

Просечната бруто плата во Владата ќе се зголеми за 5.350 денари и  догодина ќе изнесува 64.200 денари, а за 6.600 денари, пак, се намалува просекот во Собранието и ќе изнесува 66.900 денари, пишува „Порталб во анализата посветена на платите во министерствата, агенциите и во судството во 2023 година

Просечната бруто плата во Владата ќе се зголеми за 5.350 денари и  догодина ќе изнесува 64.200 денари, а за 6.600 денари, пак, се намалува просекот во Собранието и ќе изнесува 66.900 денари, пишува „Порталб во анализата посветена на платите во министерствата, агенциите и во судството во 2023 година

 

 

Најголем дел од министерствата со зголемена просечна бруто плата по вработен

Во Министерството за образование каде просечните бруто плати се повисоки во однос на дел од другите ресори, догодина планиран е раст за 13.500 денари при што просекот ќе достигне 58.822 денари. Позначаен раст од скоро 15.000 денари има и во Министерството за финансии со што во 2023 година просечната бруто плата ќе достигне 60.685 денари. Раст од 4.000 денари е пресметан во Министерството за внатрешни работи каде догодина просечната бруто плата ќе изнесува 62.112 денари. За 7.100 денари има зголемување во Министерството за одбрана со што просекот ќе изнесува 55.068 денари.

                                         Највисоки просечни бруто плати 2023

Министерството за надворешни работи                           122.243 ден

Министерството за внатрешни работи                               62.112 ден

Министерството за финансии                                             60.685 ден

Министерството за одбрана                                                55.058 ден

Министерството за економија                                             50.600 ден

Министерството за локална самоуправа                           50.214 ден

Кај еден од ресорите со повисоки плати, Министерството за надворешни работи, просекот на бруто платата ќе се зголеми за 5.350 денари и догодина ќе изнесува 122.243 денари.

Раст на просечната бруто плата има и во Министерството за здравство каде ќе достигне 49.752 денари, повеќе за 2.200 денари во однос на годинава, за 2.500 се зголемува и просечната бруто плата во Министерството за култура со што ќе достигне 49.509 денари и во Министерството за земјоделство каде ќе изнесува 43.358 денари. За околу 4.000 денари ќе се зголеми просекот во Министерството за информатичко општество и ќе достигне 41.910 денари, за околу 600 денари ќе има зголемување во Министерството за труд и социјална политика каде просекот ќе биде 41.216 денари, за 700 денари има раст на просечната бруто плата во Министерството за животна средина каде догодина ќе достигне 47.319 денари.

Позначително за 4.500 денари се намалува просекот во Министерството за локална самоуправа со што догодина ќе изнесува 50.214 денари, намалување за околу 1.000 денари има во Министерството за транспорт со што просекот  ќе изнесува 44.600 денари, а во Министерството за политички систем намалувањето изнесува 4.900 денари, со што просечната  бруто плата ќе изнесува 38.282 денари.  Во Министерството за економија просекот останува на речиси исто ниво од 50.600 денари како и во Министерството за правда каде со минимално зголемување ќе изнесува 44.357 денари.

 

Просечни бруто плати во агенциите и во судството

Зголемување на пресекот има во следниве институции : Агенција за вработување со просечна бруто плата од 38.474 денари, за 6.500 денари се зголемува и просекот во Државниот завод за статистика и ќе достигне ниво од 50.902 денари, за 3.500 денари ќе се зголеми бруто платата во Агенцијата за млади и спорт и ќе достигне 46.099 денари, раст за 4.400 денари има и во Агенцијата за храна и ветеринарство, каде просечната бруто плата ќе изнесува 49.550 денари. За 7.600 денари се зголемува просечната бруто плата во Дирекцијата за слободни економски зони (ТИРЗ) и догодина ќе изнесува 48.900 денари. Во МАНУ бруто платата догодина незначително се намалува и останува на речиси исто ниво од околу 45.500 денари,

Во Советот на јавни обвинители просекот на бруто платата ќе изнесува 92.745 денари што е за 500  денари повеќе во однос на годинава,  во Јавното обвинителство пресметана е просечна бруто плата по вработен од 66.749 денари, за 3.600 денари повеќе од оваа година. Во судската власт ( основни судови, Апелационен суд, Врховен суд…) просечната бруто плата догодина ќе изнесува 52.401 денари, за 130 денари повеќе во однос на 2022 година.

                                   Просечна бруто плата по вработен 2023

Совет на јавни обвинители                             92.745 ден

Јавно обвинителство                                       66.749 ден

Судска власт                                                       52.401 ден

Народен правобранител                                   64.205 ден

Позначителен раст на бруто платата по вработен од 8.212 денари е пресметан за вработените кај Народниот правобранител,  со што бруто платата ќе достигне 64.205 денари.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција