Нема јавна набавка за опрема за препознавање лица во училиштата и државните институции
Од Владата демантираат дека ниту Владата, ниту Министерството за внатрешни работи ниту Министерството за образование и наука во своите буџети не планирале набавка за опрема за препознавање лица во школи. Исто така, дојавите за бомби на ниеден начин не се во корелација со измените на Законот за заштита на населението од заразни болести. Со законските измени предложено е додавање на уште една времена мерка – забрана на влез во објекти на лица кои не се имунизирани или не поседуваат потврда за прележана болест, којашто не е на сила постојано, не се знае дали воопшто ќе стапи на сила и кога, но дадена е како опција во случај на епидемија. Ако се исполнат претходни услови, мерката треба да ја одобри Владата на предлог на експерти од Комисијата за заразни болести, во случај на епидемија

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се изнесува тврдење поврзано со исклучително сериозна безбедносна тема којaшто ги засега сите граѓани на С. Македонија, односно за дојавите за експлозивни направи во повеќе училишта, државни институции, објекти на јавни простори, кои се случуваат изминатиот период.
Во постот, повикувајќи се на анонимни, неодредени, наводни независни експерти за безбедност, авторот вели дека „дојавите за бомби служат единствено за набавка на скапа опрема за надзор во училиштата и другите јавни установи”.
Истата скапа опрема не вклучува само камери (ефтино е само камери) туку и хардверско-софтверски решенија што користат вештачка интелигенција за препознавање на лица.Не е случајност што баш сега имавме небулозен закон за контрола на небоцнатите. И нема да биде случајност истиот закон малку изменет во иднина пак да се појави после имплементирањето на овој ,,надзорен систем”.За да не испадне дека тресам зелени (искрено се надевам дека се), очекувам периодов објава на тендер за набавка на скапа опрема за надзор. Но времето ќе ни ја каже вистината, до тогаш бидете будни, се вели во постот што го рецензираме.
Ве известуваме дека ниту Владата, ниту Министерството за внатрешни работи ниту Министерството за образование и наука во своите буџети не планирале набавка за опрема за препознавање лица во школи. Информацијата ја демантираме во целост.
Покрај овие времени мерки, со Предлог-законот се предлага дополнување со уште една времена мерка: забрана на влез во објекти на лица кои не се имунизирани или не поседуваат потврда за прележана болест.
Овие времени мерки согласно членот 6, како што објаснуваат од Министерството за здравство, се токму поради заштита на здравјето на луѓето, додека постои опасност од ширење на епидемија.
За тоа кои од наведените мерки ќе се применуваат, случаите во кои ќе се применат и за кој временски период одлучува Владата на предлог на Министерството за здравство, врз основа на стручно мислење и предлози од комисијата за заразни болести, велат од МЗ за Вистиномер.
Значи, со законските измени предложено е додавање на уште една времена мерка којашто не е на сила постојано, не се знае дали воопшто ќе стапи на сила и кога, но дадена е како опција во случај на епидемија. Ако се исполнат претходни услови, мерката треба да ја одобри Владата на предлог на експерти од Комисијата за заразни болести, во случај на епидемија.
Поради сите горенаведени факти оценуваме дека не е вистина дека дојавите за бомби служат за да се набави скапа опрема за надзор во училиштата и другите јавни установи, не е точно дека се планира набавка на опрема за препознавање лица и дојавите за бомби на ниеден начин не корелираат со измените на Законот за заштита на населението од заразни болести.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар