Фабрикувано видео: Самохрана мајка не добила 200 милиони денари преку мобилна апликација

Фото: Принтскрин ФБ пост

Со помош на алатки, најверојатно за вештачка интелигенција, гласот на телевизиската презентерка Љубица Јаневска е преземен и адаптиран на бугарски јазик. Исто така, во ова фабрикувано видео додадено е и цело сценарио кое треба да изгледа дека таа го чита (иако тоа е само монтажа и измама), а кое е измислено и никогаш не било дел од вестите на Канал 5, туку е создадено исклучиво за да се измами јавноста

Со помош на алатки, најверојатно за вештачка интелигенција, гласот на телевизиската презентерка Љубица Јаневска е преземен и адаптиран на бугарски јазик. Исто така, во ова фабрикувано видео додадено е и цело сценарио кое треба да изгледа дека таа го чита (иако тоа е само монтажа и измама), а кое е измислено и никогаш не било дел од вестите на Канал 5, туку е создадено исклучиво за да се измами јавноста

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал создаден со монтажа и со процес на менување на видеото, така што истиот презентира нешто коешто не било воопшто кажано, со цел да ги измами граѓаните.

Во објавата се злоупотребени кадри од Канал 5 телевизија, односно од нивниот дневник, како и ликот на телевизиската презентерка Љубица Јаневска. Со помош на алатки, најверојатно за вештачка интелигенција, нејзиниот глас е преземен и адаптиран на бугарски јазик. Исто така, во ова фабрикувано видео е додадено и цело сценарио кое треба да изгледа дека таа го чита (иако тоа е само монтажа и измама), а кое е измислено и никогаш не било дел од вестите на Канал 5, туку е создадено исклучиво за да се измами јавноста.

Самохрана мајка од Битола стана милионерка благодарение на мобилната апликација на најбогатиот блогер во светот Мистер Бист. Пред два дена таа и нејзините деца го гледаа новото видео на Мистер Бист. Од него Билјана дозна за Sweet Bonanza Paints (апликација н.з) каде шансите за џекпотот се зголемени за 450 проценти и секој нов играч има загарантирана добивка од 10 илјади денари или повеќе во првите три дена од играњето, се слуша во видеото од објавата што ја рецензираме.

Кога подобро ќе се погледне видеото евидентно е дека е направена техничка манипулација, односно дека видеото се адаптира со сценариото. Забележливо е дека во пределот на устата на презентерката се вршени графички промени за да изгледа поверодостојно дека таа навистина го чита текстот,, кој никогаш не бил дел од вестите, туку се работи за лажна реклама.

Потоа се споделува и наводно сведоштво, од мајката што станала милионерка, но и тоа на истиот принцип е монтирано, и повторно е адаптирано на начин да изгледа дека жената дава сосема поинаква изјава од онаа којашто ја дала. Според вака монтирана изјава, таа ја искористила шансата за добивка од 200 милиони денари само затоа што Мистер Бист ја направил апликацијата и тоа е човек познат по неговата хуманитарна работа”.

Инаку, станува збор за некаква апликација за видео игри. Видеото е дополнително монтирано, за да се создаде илузија дека презентерката Љубица Јаневска на вести кажала граѓаните да ја симнат апликацијата и да освојат пари, иако тоа е комплетна невистина и никогаш не се случило.

Во последно време бројни измами на социјалната мрежа Фејсбук се регистрирани во Македонија. Целта во конкретниот случај е да се промовира одредена видео игра и да се натераат повеќе граѓани да ја симнат на своите мобилни уреди. Но, има и случаи каде со дезинформации и измами на граѓаните им се празнат и банкарските сметки.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција