ЕУ не ги забранува противградните ракети
Противградните ракети не се забранети во ЕУ. Овие ракети се користат во земји членки на ЕУ, но и земји кандидати за ЕУ. Дополнително, не е точно дека во ЕУ земјоделци не се потребни и дека истите ќе бидат заменети од вештачката интелигенција (ВИ). Напротив има дефицит и потреба од земјоделци, а еден од методите за зголемување на ефикасноста на истите и олеснување на нивната работа, со цел тие поефикасно да ја вршат работата, е преку ВИ.
Противградните ракети не се забранети во ЕУ. Овие ракети се користат во земји членки на ЕУ, но и земји кандидати за ЕУ. Дополнително, не е точно дека во ЕУ земјоделци не се потребни и дека истите ќе бидат заменети од вештачката интелигенција (ВИ). Напротив има дефицит и потреба од земјоделци, а еден од методите за зголемување на ефикасноста на истите и олеснување на нивната работа, со цел тие поефикасно да ја вршат работата, е преку ВИ
…Сите земји што сакаат во ЕУ и се во ЕУ, забрането е да користат противградни ракети…
Бугарскиот метод за сузбивање град со помош на ракети е доставување вештачки јадра што формираат мраз (AgJ) во облаците. Како што облаците созреваат, сеидбата ја намалува сериозноста на град и загубите во земјоделството, иако град сè уште паѓа. Оштетувањето се проценува по ударот. Системот RAPIRA управува со овој процес, ракувајќи со податоци, сондажи, сеење и контрола на проектили.
…студии за системот почнале во 2000 година, првиот прототип започнал да се користи во Прахова во 2004 и потоа се има проширено оваа стратегија нспоред закон 173 а национално ниво… Така, во моментот работиме со 99 пунктови за лансирање од шест делумно имплементирани единици и заштитуваме меѓу 2,3 и 2,6 милиони хектари. Имаме уште 85 точки за лансирање на таблата за цртање…-Кажува Џорџ Каунеј Флореску
За ракување и користење на овие артикли, мора да ја поседувате експертската картичка или сертификатот опишан во Техничките спецификации 8.01, 8.02 и 8.03, во согласност со моделите утврдени во ITC број 25, пишува во Кралската уредба со која се одобрува Регулативата за пиротехнички производи и патрони.
Земјоделците се стратешки важни за производството на храна
Во ЕУ, земјоделци не им се потребни, ке ве заменат со роботи и вештачка храна.
Младите земјоделци остануваат дефицитарни во ЕУ; во 2005 година, 7,3 % од менаџерите на фармите во ЕУ беа на возраст под 35 години (горната граница е земена за да се овозможи споредување), но овој удел падна на 6,5 % во 2020 година. Сепак, ова беше повисоко отколку во 2016 година (удел од 5,1%) , со зголемување на бројките помеѓу 2016 и 2020 година за жени менаџери на фарми во сите возрасни групи под 55 години, додека за мажи менаџери на фарми забележани се зголемувања за двете возрасни класи под 35 години, пишува во извештајот на Светска Банка.
Системите овозможени од вештачка интелигенција прават временски предвидувања, ја следат одржливоста на земјоделството и ги оценуваат фармите за присуство на болести или штетници и недоволно исхранети растенија користејќи податоци како што се температура, врнежи, брзина на ветерот и сончева радијација во комбинација со фотографии направени од сателити и дронови, пишува во напис на Универзитетот.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар