Не е точно дека Министерството за образование нуди бесплатни курсеви по англиски јазик за сите

Целта на вака креираната невистинита најава е да се генерира интернет сообраќај, односно да се убедат што поголем број корисници да пристапат до страниците коишто се рекламираат. Оваа објава пренасочува интернет сообраќај кон странски веб-страници кои рекламираат онлајн курсеви за изучување на странски јазици

Целта на вака креираната невистинита најава е да се генерира интернет сообраќај, односно да се убедат што поголем број корисници да пристапат до страниците коишто се рекламираат. Оваа објава пренасочува интернет сообраќај кон странски веб-страници кои рекламираат онлајн курсеви за изучување на странски јазици

 

Анализираме објава на Фејсбук која вели дека Mинистерството за образование од септември 2024 година, почнало да нуди бесплатни онлајн курсеви за изучување на англиски јазик.

Од септември 2024 година, македонското Министерство за образование ќе нуди бесплатни онајн курсеви по англиски јазик за сите, а по завршувањето ќе добиете бесплатен сертификат и можности за работа, стои во објавата.

Под објавата има копче на кое пишува „дознај повеќе“. Кога ќе се стисне копчето, тоа ги носи корисниците на социјалните мрежи на страница со повеќе ставки: „онлајн часови по ангиски јазик“, „учете англиски јазик“, „зборувајте англиски“ и сл.

Секоја ставка го носи корисникот на адреси на различни веб-страници кои нудат онлајн курсеви по англиски јазик по различни цени. Ниту една од страниците не се однесува на Северна Македонија, ниту пак, на некаква програма на Министерството за образование за „бесплатен курс по англиски јазик за сите“.

Таква програма на Министерството за образование не постои, ниту пак, во програмата на Владата постои таква ставка. Септември веќе измина, а за ваква програма нема никакви информации во македонските медиуми. Да постоеше оваа програма, таа наголемо ќе беше промовирана во јавноста и директно и преку медиумите. Настрана фактот што Министерството за образование сигурно не би финансирало школи за англиски јазик во странство, туку во земјава, со цел да им се помогне ним, зашто тие се оние кои плаќаат даноци С. Македонија. Во огласот е злоупотребен и грбот на РС Македонија, како и името на министерството. Името на ова министерство не гласи Македонско Министерство за образование, туку Министерство за образование и наука (МОН).

Целта на вака креираната невистинита најава е да се генерира интернет сообраќај, односно да се убедат што поголем број корисници да пристапат до страниците коишто се рекламираат. Оваа објава пренасочува интернет сообраќај кон странски веб-страници кои рекламираат онлајн курсеви за изучување на странски јазици.

Овие страници не се на никаков начин поврзани со македонското Министерство за образование или со издавање на некакви валидни сертификати за вработување, како што се тврди во објавата.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја аналлизираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција