Сонцето не е во нашата планета, оддалечено е 150 милиони километри од Земјата

Фото: Marion WellmannPixabay

Познат факт е дека Земјата орбитира околу Сонцето. Додека Земјата орбитира околу Сонцето, таа завршува една ротација на секои 23,9 часа. Потребни се 365,25 дена за да се заврши едно патување околу Сонцето

Познат факт е дека Земјата орбитира околу Сонцето. Додека Земјата орбитира околу Сонцето, таа завршува една ротација на секои 23,9 часа. Потребни се 365,25 дена за да се заврши едно патување околу Сонцето

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека Сонцето е во нашата планета. Ваквото тврдење не е точно.

Погледнете ги зраците на сонцето.

Ова е можно само ако е сонцето блиску над облаците.

А тоа значи дека е во нашата планета.

И ротира во насока ,спротивно од стрелките на часовникот,со променлив радиус со милиони години.

Сонцето е создадено ,поради човекот,кој е ремек дело на Господ, стои во објавата.

Тврдењето дека Сонцето е во нашата планета не е поткрепено со никакви научни докази и факти, туку е дадено произволно. Научните факти говорат дека Сонцето не е во нашата планета, туку тоа е оддалечено 150 милиони километри од Земјата.

Нашето Сонце е жолта џуџеста ѕвезда стара 4,5 милијарди години – жешка блескава топка од водород и хелиум – во центарот на нашиот Сончев систем. Таа е оддалечена околу 93 милиони милји (150 милиони километри) од Земјата и е единствената ѕвезда на нашиот Сончев систем. Без енергијата на Сонцето, животот каков што го знаеме не би можел да постои на нашата матична планета, пишува на официјалната веб страница на НАСА.

Сонцето е центарот на нашиот Сончев систем и неговата гравитација го држи Сончевиот систем заедно. Сè што се наоѓа во нашиот Сончев систем се движи околу Сонцето – планетите, астероидите, кометите и ситните парчиња вселенски отпад, пишува НАСА.

Сонцето е масивна, речиси совршена сфера од топла плазма, загреана до вжареност со реакции на јадрено соединување во неговото јадро, зрачејќи ја енергијата од неговата површина главно како видлива светлина и инфрацрвено зрачење со 10 % при ултравиолетови енергии. Тоа е убедливо најважниот извор на енергија за животот на Земјата. Енергијата од Сонцето, во форма на сончева светлина, го одржува скоро целиот живот на Земјата преку фотосинтеза и ја управува Земјината клима и време.

Сонцето се врти побрзо на својот екватор отколку на неговите полови. Ова диференцијално вртење е предизвикано од конвективното движење поради пренос на топлина и Кориолисовата сила поради вртење на Сонцето. Во референтната рамка дефинирана од ѕвездите, периодот на вртење е приближно 25,6 дена на екваторот и 33,5 дена на половите. Гледано од Земјата додека орбитира околу Сонцето, очигледниот период на вртење на Сонцето на неговиот екватор е околу 28 дена. Гледано од гледна точка над неговиот северен пол, Сонцето се врти спротивно од стрелките на часовникот околу својата оска на вртење.

Но тоа не значи дека Сонцето е во нашата планета, дека нашата планета е статична и дека тоа се врти околу неа. Познат факт е дека Земјата орбитира околу Сонцето. Додека Земјата орбитира околу Сонцето, таа завршува една ротација на секои 23,9 часа. Потребни се 365,25 дена за да се заврши едно патување околу Сонцето. Таа дополнителна четвртина од денот претставува предизвик за нашиот календарски систем, кој една година брои како 365 дена. За да ги одржуваме нашите годишни календари конзистентни со нашата орбита околу Сонцето, на секои четири години додаваме еден ден. Тој ден се нарекува престапен, а годината на која е додадена се нарекува престапна.

За тоа кога првпат било утврдено дека Земјата орбитира околу Сонцето може повеќе да се прочита на веб-страницата на скопското астрономско друштво.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека искажаното тврдење дека Сонцето е во нашата планета, е погрешно и научно не е докажано. Поради тоа објавата ја оценуваме како невистинита.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција