Фотографијата од Путин и Џонг Ун во ноќен клуб е креирана со вештачка интелигенција

Фото: Принтскрин

Фотографијата на која Путин и Џонг Ун се прикажани наводно во ноќен клуб, опкружени со жени и со пиво во рацете, е создадена со вештачка интелигенција. Десната рака на Ким Џонг Ун, со која изгледа дека ја држи чашата, има само четири прсти. Главата на мажот што стои во задниот ред, изгледа непропорционално. 

Фотографијата на која Путин и Џонг Ун се прикажани наводно во ноќен клуб, опкружени со жени и со пиво во рацете, е создадена со вештачка интелигенција. Десната рака на Ким Џонг Ун, со која изгледа дека ја држи чашата, има само четири прсти. Главата на мажот што стои во задниот ред, изгледа непропорционално

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува фотографија на која наводно се рускиот претседател Владимир Путин и водачот на Северна Кореја Ким Џонг Ун, како креваат чаши со пиво во ноќен клуб. Во склоп на објавата се споделува и сатиричен текст, кој е шега, односно не е предмет на оваа рецензија.

Меѓутоа, фотографијата во склоп на објавата е креирана со помош на вештачка интелигенција (ВИ). Како што може да се заклучи од она што го пишуваат проверувачите на факти од Индонезија – „Тирто“, фотографијата почнала да циркулира на социјалните мрежи уште од јули годинава, непосредно после средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во Пјонгјанг, Северна Кореја. Средбата се одржала на 19 јуни 2024.

„Франс Прес“ го објави моментот кога Путин и Џонг Ун се ракуваа, се гушнаа и разговараа покрај авионот на Путин кој слета во Пјонгјанг. Двајцата лидери потоа влегоа во автомобил и се упатија кон хотелот во кој престојуваше Путин. Агендата за посетата на Путин во Северна Кореја вклучуваше средби, гала концерт, државен прием, почесна гарда, потпишување документи и давање изјави според тоа што го најави советникот за надворешна политика на Путин, Јуриј Ушаков.

Но, после посетата се појави фотографија на која Путин и Џонг Ун се прикажани наводно во ноќен клуб, опкружени со жени и со пиво во рацете. Голем број неправилности на фотографијата укажуваат на тоа дека таа е создадена со вештачка интелигенција. Десната рака на Ким Џонг Ун, со која изгледа дека ја држи чашата, има само четири прсти. Главата на мажот што стои во задниот ред, изгледа непропорционално.

Нема ниту еден доказ во извештаите на големите веродостојни меѓународни медиуми кои го потврдуваат тврдењето дека двајцата лидери на државата биле во ноќен клуб.

Проверувачите на факти „Тирто“, ја скенирале фотографијата со неколку уреди за откривање содржини создадени со вештачка интелигенција.

Како резултат на тоа, алатката Hive Moderation даде оценка од 99,2 проценти веројатност дека фотографијата е создадена со вештачка интелигенција. Уредот исто така наведува дека има 86 проценти шанси сликата да е создадена со помош на една од програмите за вештачка интелигенција, Midjourney. Алатката AI or Not , исто така, заклучи дека сликата најверојатно е создадена со вештачка интелигенција. пишуваат проверувачите на факти „Тирто“ од Индонезија.

Еден од медиумите во Јужна Кореја, Maeil Business Newspaper, пишува дека фотографијата е резултат на манипулација со помош на вештачка интелигенција (AI).

И проверувачите на факти „Чек Факта“ пишуваат дека станува збор за фотографија која е создадена со помош на вештачка интелигенција.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како објава во која има altered content (изменета содржина).

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција