Во Драчево изграден Паркот на бранителите
Проект: Изградба на паркот на бранителите од 2001 година
Општината Кисела Вода ќе преземе активности за изградба на парк за бранителите од воениот конфликт од 2001 година во населбата Драчево. Сред- ствата за овој проект ќе ги обезбеди општината Кисела Вода. (Рок за реализација: јуни 2013 година)
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Паркот на бранителите од конфликтот во 2001 година е изграден во јули 2013 гидина во Драчево. Ова е исполнето ветување на градоначалничката на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, дадено во Програмата „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Кисела Вода!“ (Култура, стр. 47), со која излезе на локалните избори во 2013 година како кандидат на ВМРО – ДПМНЕ.
Паркот на бранителите со меморијална фонтана, изграден во чест на загинатите од конфликтот во 2001 година беше свечено отворен на 28 јули 2013 година. Паркот го пуштија во употреба, градоначалничката Беличанец – Алексиќ, Јохан Тарчуловски и поранешниот градоначалник на Општината, Марјан Ѓорчев во чиј мандат започна изградбата. Беличанец – Алексиќ тогаш порача дека во моментите на длабока тага се сеќаваме на нашите херои.
Благодарноста кон нивното дело секогаш ќе биде премала во споредба со нивната саможртва втемелена во идината на својата татковина. (Беличанец – Алексиќ)
На официјалниот настан Беличанец – Алексиќ на претставниците на семејствата на шесте загинати бранители Бобан Трпков, Игор Костески, Љубомир Акимовски, Александар Стојчев, Теодор Стојановски и Драганчо Илиевски им додели спомен – плакети.
Изградбата на Паркот на бранителите започна на почетокот на 2013 година, а со комплетирањето на меморијалната фонтана и околното хортикултурно и партерно уредување, паркот во населбата Драчево доби сосема ново руво. Паркот се протега на површина од 1225 квадратни метри, а во централниот дел е изградена шестоаголна армирано-бетонска фонтана со дијаметар од 8 метри. На секоја од шесте страни поставена е спомен-плоча со името на секој загинат бранител. Во централниот дел на фонтаната на двометарски постамент е поставена скулптура излеана во бронза со висина од 3 метри. Скулптурата е фигура на војник-бранител кој ја симболизира храброста и решителноста за одбрана на својата татковина и е дело на академскиот скулптор Димитар Филиповски.
ИЗВОРИ:
- Извор: Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ и Билјана Беличанец Алексиќ (2013-2017), Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Кисела Вода! ( Култура, стр. 47) [Пристапено: 13.06.2016]
- Веб – страница на Општина Кисела Вода (29.07.2013):Се пушти во употреба Паркот на бранителите во Драчево [Пристапено: 13.06.2016]
- Прес 24 (29.07.2013): ФОТО: Тарчуловски го отвори новиот Парк на бранителите во Драчево [Пристапено: 13.06.2016]
- Точка (25.07.2013): Паркот на бранителите во Драчево свечено ќе се отвори во недела [Пристапено: 13.06.2016]
- Република (25.03.2013): Споменик на бранител во Драчево [Пристапено: 13.06.2016]
Оценето од: Оливера Војновска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар