Теута Арифи

 

Теута Арифи (албански: Teuta Arifi), е родена во Тетово на 19 октомври 1969 год. Таа е македонска политичарка, универзитетски професор, поранешен пратеник и актуелен градоначалник на Тетово.

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Теута Арифи (албански: Teuta Arifi), е родена во Тетово на 19 октомври 1969 год. Таа е мажена и мајка на две деца.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Д-р Теута Арифи дипломирала филолошки науки на Универзитетот во Приштина во 1991 година, во 1995 магистрирала филологија на Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје. Докторирала на филолошки науки на Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје. Покрај албански и македонски, зборува и турски, англиски, француски, италијански, српски и хрватски јазик.

 

КАРИЕРА

Од 10 јануари 1997 била асистент професор по предметот Историја на албанската литература на Катедрата за албански јазик и литература на Филолошкиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Скопје. Од октомври 2001 е асистент по предметот Мултикултурни прашања на Педагошкиот факултет при Универзитетот на ЈИЕ, Тетово, а од 2001 до 2006 година била декан на Педагошкиот факултет при Универзитетот на ЈИЕ и член на Заедничкиот одбор на Универзитетот на ЈИЕ.

Таа е ангажирана како член на истражувачкиот тим на Институтот за мир на Универзитетот во Хамбург, за работата на Високиот комесар за малцински прашања во ОБСЕ. Член е на советодавачкиот борд  на екипа  за истражување на положбата на малцинствата во јужниот дел на Европа, Централно –европската иницијатива, Будимпешта, како и член на Бирото на Управниот комитет за рамноправност на Советот на Европа. Била член на делегацијата на Република Македонија на Четвртата светска конференција за правата на жените во Пекинг и член на македонската делегација во ОБСЕ, Виена , како дел од работната група за човековата димензија.

 

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

Во мај 2002 година станува пратеник во Собранието на Република Македонија, од редовите на ДУИ. Таа е раизбрана за член на парламентот  во 2006, 2008 и 2011 година. Како член на парламентот таа извршува низа задачи вклучувајќи ја функцијата претседател на Комисијата за надворешни работи, претседател на комисијата за култура и член на делегацијата на собранието  на Република Македонија во Советот на Европа и  шеф на делегацијата на собранието во НАТО.

Таа во јули 2011 година беше избрана за заменик-премиер на Република Македонија задолжена за европски прашања. Д-р Теута Арифи исто така е и потпретседател на Демократската унија за интеграција (ДУИ), главната албанска политичка партија во Македонија на Албанците.

Во март 2013 година за првпат е избрана за градоначалник на Тетово. На локалните избори во октомври 2017 година по вторпат го доби градоначалничкиот мандат во Општина Тетово.

 

 

ИЗВОРИ

 

Веб-сајт на Влада на Република Македонија (Архива) – Теута Арифи

Википедија: Теута Арифи

Веб-сајт на општина Тетово: Биографија на градоначалникот

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција