Укината е радиодифузната такса

Фото: Мета

Ја укинуваме радиодифузната такса

За сите граѓани, ќе ја укинеме радиодифузната такса, што ќе значи уште една давачка помалку.

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Граѓаните на Македонија веќе нема да плаќаат радиодифузна такса. Ова е исполнето ветување на СДСМ дадено во изборната програма: „План за живот во Македонија“(стр.5),  со која социјалдемократите излегоа на предвремените парламентарни избори во декември 2016 година.

На 19 септември 2017 година Собранието на Република Македонија  по скратена постапка ги донесе измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со кој се укинува плаќањето на радиодифузната такса. Според информацијата пренесена во медиумите законските измени се доднесени едногласно:

За измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги „за“ гласаа 70 пратеници, а „против“ и „воздражани“ немаше. Бидејќи овој закон се носи и со Бадентерово мнозинство, укинувањето на радиодифузната такса го поддржаа 20 пратеници од немнозинските заедници.

 Радиодифузната такса беше воведена во 2005 година.

 

ИЗВОРИ:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција